Алиев: Ослободени се од окупација градот Зенгилан и 6 околни села и уште 18 села кај Фузули, Џебраил и Хоџавенд

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во своето обраќање до нацијата соопшти дека се ослободени од ерменска окупација центарот на градот Зенгилан и 6 околни села, како и уште 18 села кај градовите Фузули, Џебраил и Хоџавенд

1512685
Алиев: Ослободени се од окупација градот Зенгилан и 6 околни села и уште 18 села кај Фузули, Џебраил и Хоџавенд

Претседателот на Азербејџан Илхам Алиев, соопшти дека се ослободени од ерменска окупација центарот на градот Зенгилан и 6 околни села, како и уште 18 села кај градовите Фузули, Џебраил и Хоџавенд.

Алиев во своето обраќање до нацијата информира дека се ослободени од окупација селата Дортчинар, Куртлер, Јукари Абдуррахманли, Каргапазар, Ашаги Вејселли и Јукари Ајбасанли кај градот Фузули, селата Сарафша, Хасанкајди, Фуганли, Имамбаги, Ташвејселли, Актепе и Јар Ехмедли кај градот Џебраил и селата Агџакенд, Мулкудере, Ташбаши, Ѓунешли и Венг кај градот Хоџавенд.

Алиев истакна дека името на селото Венг кај Хоџавенд е променето во Чинарли.

Велејќи дека азербејџанската армија почна со ослободувањето и на териториите на градот Зенгилан, претседателот Илхам Алиев напомена дека центарот на градот Зенгилан и селата Хавали, Зернели, Меммедбејли, Хекери, Шерифан и Муганли веќе се под контрола на Азербејџан.



Слични вести