Во ерменските напади досега загинаа 61 азербејџански цивил, над 282'јца цивили се ранети

Главното јавно обвинителство на Азербејџан соопшти дека во реализираните напади од страна на ерменската армија врз азербејџанските цивилни населени места од 27 септември до 19 октомври загинаа 61 цивил, над 282'јца цивили се ранети

1512015
Во ерменските напади досега загинаа 61 азербејџански цивил, над 282'јца цивили се ранети

Во реализираните напади од страна на Ерменија со топови и ракети врз азербејџанските цивилни населени места, досега животот го загубија 61 цивил, над 282'јца цивили се ранети. 

Главното јавно обвинителство на Азербејџан ги соопшти човечките загуби и причинетите материјални штети во реализираните напади од страна на Ерменија од 27 септември до 19 октомври.

Според тоа, во навединиот период досега животот го загубија 61 азербејџански цивил, над 282'јца цивили се ранети.

Во ерменските напади се оштетени и доведени во неупотреблива состојба 1.846 куќи, 90 повеќеспратни згради и 341 јавна зграда.

Инаку, откако ерменската армија на 27 септември отвори оган со тешко оружје врз азербејџанските позиции и цивилни населени места, азербејџанската армија започна противнапад.

Ерменската армија која изгуби голем број свои позиции продолжи да реализира напади со топови и ракети врз цивилните населени места во Азербејџан.

Потоа по неколкудневни судири, Азербејџан и Ерменија на одржаните разговори во главниот град на Русија, Москва, донесоа одлука за прекин на огнот со хуманитарна цел којшто стапи во сила на 10 октомври, во 12:00 часот по локално време и кој предвидуваше размена на мртвите и заробениците во Нагорно Карабах.

Меѓутоа, без да поминат ниту 24 часа од прогласениот привремен прекин на огнот ерменската армија повторно изврши ракетни напади врз азербејџанските градови, населени места и села.

Во ракетниот напад врз градот Генџе (Ганџа или Гања), вториот по големина град на Азербејџан, загинаа 10 цивили, а 35 мина беа ранети.

Во реализираниот ерменски напад на 15 октомври врз цивилите за време на погребна церемонија во гробиштата во градот Тертер животот го загубија четворица азербејџански цивили, а четворица беа ранети.

На 17 октомври во доцните часови по полноќ ерменската армија поворно реализира ракетни напади врз азербејџанските градови Генџе (Ганџа или Гања) и Мингечевир.

Во ракетните напади врз Генџе загинаа 13 цивили, а повеќе од 55 цивили се ранети кои беа извадени под рушевините на срушените згради.



Слични вести