Повик од ЕУ до Азербејџан и Ерменија да се придржуваат кон постигнатото примирје

Населението во Нагорно Карабах страдаше премногу

1511419
Повик од ЕУ до Азербејџан и Ерменија да се придржуваат кон постигнатото примирје

 

Жозеп Борел, високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, од Азербејџан и Ерменија побара да го почитуваат примирјето.

Во писмената изјава за состојбата во Нагорно Карабах, Борел изјави дека се задоволни од прекинот на огнот меѓу Азербејџан и Ерменија, кој започна претходната ноќ. Изразувајќи жалење што е прекшено примирјето во Нагорно Карабах, Борел изјави дека поради конфликтите страдале цивили. Борел во изјавата рече:

„Населението во Нагорно Карабах страдаше премногу. Судирите предизвикаа големи и неприфатливи цивилни загуби. ЕУ ги осудува ваквите напади без оглед на нивниот извор“.

Борел истакна дека остварил телефонски разговри со Азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов и ерменскиот министер за надворешни работи Зохраб Мнацаканијан, потенцирајќи дека прекинот на огнот треба да се спроведува строго и безусловно.

Исто така потенцирав дека веднаш треба да престанат нападите врз цивилите. Таквите напади не можат да бидат оправдани. Повторив дека ЕУ е подготвена да ги поддржи страните и Организацијата за безбедност и соработка на Европа за долгорочно решение на конфликтот“.



Слични вести