Ерсин Татар нов претседател на ТРСК

Вчера Кипарските Турци од 1974 година наваму по 10-ти пат гласаа за својот претседател

1511414
Ерсин Татар нов претседател на ТРСК

 

Според неофицијалните резултати, на вториот круг од претседателските избори што се одржа во Турската Република Северен Кипар (ТРСК), со освојување на 51,74 отсто од гласовите, за претседател е избран Ерсин Татар, премиер и кандидат на Партијата на националното единство (УБП).

Високиот изборен совет (ЈСК) објави дека премиерот Татар победил во изборната трка на вториот круг од изборите.

Наведувајќи дека Ерсин Татар освоил 51,74 отсто од гласовите, Високиот изборен совет објави дека сегашниот претседател и независен кандидат Мустафа Акинџи освоил 48,26 отсто од гласовите.

Вчера Кипарските Турци од 1974 година наваму по 10-ти пат гласаа за својот претседател.

Татар во политиката влезе во 2003 година и во мај минатата година ја презеде премиерската позиција во коалициската влада на УБП-Народна партија (ХП).



Слични вести