Бројот на оздравените од Ковид-19 во светот се зголеми на 30.157.254

Зголемувањето на бројот на заразени ни покажува дека вториот бран особено во Европа се шири интензивно

1511666
Бројот на оздравените од Ковид-19 во светот се зголеми на 30.157.254

Бројот на смртните случаи од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот достигна 1.119.500. Зголемувањето на бројот на заразени ни покажува дека вториот бран особено во Европа се шири интензивно. Додека бројот на инфектирани изнесува над 40.369.188, бројот на оздравените е 30.157.254.

Бројот на смртните случаи поради Ковид-19 во Соединетите Американски Држави (САД) се зголеми на 224.732. Бројот на заразените во земјата изнесува 8.388.013.

Во Бразил, ка де поради Ковид-19 починаа 153.905 лица, бројот на заразените се зголеми на 5.235.344.

Во Мексико поради вирусот умреа 86.167 лица. Бројот на заразените во земјата изнесува 851.227.

Во Велика Британија, епицентарот на епидемијата во Европа, бројот на смртните случаи поради вирусот се искачи на 43.646, а бројот на заразените на 722.409. Во рамките на борбата против Ковид-19 во Велс е прогласен 2-неделен карантин.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Италија се зголеми на 36.543 лица. Бројот на заразените во земјата се зголеми на 414.241. Премиерот Џузепе Конте истакна дека не треба да губат време пред новиот бран на епидемијата Ковид-19 и дека прифатија некои мерки за да се избегне влегувањето во генерален карантин.

Бројот на смртните случаи од епидемијата на новиот вид на коронавирус во Шпанија изнесува 33.775 луѓе. Бројот на заразените во земјата се зголеми на 982.723.

Бројот на смртните случаи поради епидемијата во Франција се зголеми на 33.477. Бројот на заразените во земјата се зголеми на 897.034.

Во Белгија, каде бројот на смртните случаи од Ковид-19 изнесува 10.413 лица, бројот на заразените се зголеми на 222.253.

Во Германија од Ковид-19 умреа 9.866 лица, бдодека бројот на заразените се зголеми на 366.981.

Поради рапидно зголемените случаи во Словенија, каде досега од Ковид-19 умреа 188 лица, а 13.142 лица беа заразени, владата прогласи „епидемиска состојба“.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во некои други земји во светот е како што следува:

„Перу (33.759), Колумбија (28.970), Аргентина (26.267), Чиле (13.635) и Еквадор (12.387)“.



Слични вести