Азербејџанската армија од ерменската окупација ослободи уште 13 села во провинцијата Џебрајил
Претседателот Илхам Алијев на својот профил на Твитер изјави дека ерменската армија извршила силен артилериски оган врз азербејџанските цивилни населби и позиции

Азербејџанската армија од ерменската окупација ослободи уште 13 села во провинцијата Џебрајил.
Претседателот Илхам Алијев на својот профил на Твитер изјави дека ерменската армија извршила силен артилериски оган врз азербејџанските цивилни населби и позиции, што претставува јавно кршење на привремениот хуманитарен прекин на огнот, кој стапи на сила на 18 октомври.
Изјавувајќи дека во овој напад има мртви и ранети, Алијев истакна дека азербејџанската армија го даде потребниот одговор и спасила неколку населени места од окупација.
Алијев, во објавата истакна,
„Селата Солтанли, Емирварли, Машанли, Хасанли, Аликејханли, Кумлак, Хаxили, Гoјерчинвеселли, Нијазгулар, Кечел Мамадли, Шахвели, Хаџи Исмајали и Исакли во провинцијата Џебрајил беа ослободени о ерменската окупација. Карабах е Азербејџан“.
Слични вести

Расте бројот на оздравените од Ковид-19 во светот
Бројот на оздравените од Ковид-19 во светот изнесува над 71.820.000