Илхам Алиев: На историскиот мост „Худаферин“ е поставено азербејџанското знаме

Претседателот на Азербејџан Илхам Алиев, на својот профил на социјалната мрежа Твитер соопшти дека на историскиот мост „Худаферин“ кај градот Џебраил е поставено азербејџанското знаме

1511317
Илхам Алиев: На историскиот мост „Худаферин“ е поставено азербејџанското знаме

Претседателот на Азербејџан Илхам Алиев, во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер соопшти дека на историскиот мост „Худаферин“ е поставено азербејџанското знаме.

Велејќи дека азербејџанската армија го постави на историскиот мост „Худаферин“ азербејџанското знаме, Алиев во својата објава напиша: „Да живее азербејџанскиот народ! Карабах е на Азербејџан!“

Историскиот мост „Худаферин“ е изграден во 11. век на реката Араз, на иранско-азербејџанската граница.

Овој мост се наоѓа во рамките на границите на градот Џебраил чиј центар и неколку околни села беа ослободени од ерменска окупација од страна на азербејџанската армија.



Слични вести