Во ерменските напади досега загинаа 60 азербејџански цивили, а над 270 мина се ранети

Главното јавно обвинителство на Азербејџан соопшти дека во реализираните ерменски напади врз азербејџанските цивилни населени места од 27 септември до 16 октомври, животот го загубија 60 цивили, а над 270 цивили се ранети

1510891
Во ерменските напади досега загинаа 60 азербејџански цивили, а над 270 мина се ранети

Во реализираните топовски и ракетни напади од страна на Ерменија врз азербејџанските цивилни населени места, досега животот го загубија 60 цивили, а над 270 цивили се ранети.

Главното јавно обвинителство на Азербејџан ги соопшти човечките загуби и причинетите материјални штети во реализираните ерменски напади од 27 септември до 16 октомври.

Според тоа, во нападите на Ерменија во навединиот период досега животот го загубија 60 азербејџански цивили, а над 270 цивили се ранети.

Во ерменските напади се доведени во неупотреблива состојба 1.704 куќи, 90 повеќеспратни згради и 327 јавни згради.

Инаку, откако ерменската армија на 27 септември отвори оган со тешко оружје врз азербејџанските позиции и цивилни населени места, азербејџанската армија започна противнапад.

Ерменската армија која изгуби голем број свои позиции продолжи да реализира напади со топови и ракети врз цивилните населени места во Азербејџан.

Потоа по неколкудневни судири, Азербејџан и Ерменија на одржаните разговори во главниот град на Русија, Москва, донесоа одлука за прекин на огнот со хуманитарна цел којшто стапи во сила на 10 октомври, во 12:00 часот по локално време и кој предвидуваше размена на мртвите и заробениците во Нагорно Карабах.

Меѓутоа, без да поминат ниту 24 часа од прогласениот привремен прекин на огнот ерменската армија повторно изврши ракетни напади врз азербејџанските градови, населени места и села.

Во ракетниот напад врз градот Генџе (Ганџа), вториот по големина град на Азербејџан, загинаа 10 цивили, а 35 мина беа ранети.

Во реализираниот ерменски напад на 15 октомври врз цивилите за време на погребна церемонија во гробиштата во градот Тертер животот го загубија четворица азербејџански цивили, а четворица беа ранети.

Синоќа доцна по полноќ пак, ерменската армија поворно реализира ракетни напади врз азербејџанските градови Генџе (Ганџа) и Мингечевир.

Во ракетните напади врз Генџе (Ганџа), според најнови добиени информации, загинаа 13 цивили, а повеќе од 55 цивили се ранети кои беа извадени под рушевините на срушените згради.



Слични вести