Расте бројот на загинатите цивили во ерменските ракетни напади врз азербејџанските градови Генџе и Мингечевир

Бројот на загинатите цивили во ерменските ракетни напади врз азербејџанските градови Генџе (Ганџа) и Мингечевир се зголеми на 13 лица, а повеќе од 45 лица се ранети

1510769
Расте бројот на загинатите цивили во ерменските ракетни напади врз азербејџанските градови Генџе и Мингечевир

Ерменската армија синоќа неколку часа по полноќ изврши ракетни напади врз градовите Генџе (Ганџа) и Мингечевир.

Бројот на загинатите во нападите се зголеми на 12 цивили од кои две деца, а повеќе од 45 цивили се ранети.

Во погодената област со ракети во Генџе (Ганџа), вториот по големина град на Азербејџан, голем број цивили кои за време на нападот беа затечени во своите домови додека спиеја, останаа затрупани под рушевините на срушените згради.

Активностите за пребарување и спасување меѓу рушевините во погоденото место продолжуваат.

Потпретседателот на Азербејџан Хикмет Хаџиев во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер информира дека извршените напади врз цивилите со балистички ракети „Елбрус“ од типот „Скад“ се показател за неморалниот и шизофреничен начин на размислување на управата во Ереван.

Велејќи дека во извршениот ракетен напад врз градот Генџе (Ганџа) се срушени повеќе од 20 куќи и неколкуспратни згради, Хаџиев истакна дека овој нов напад е показател за терористичката политика на ерменската држава.

Велејќи дека нападите врз цивилите се показател за беспомошноста и очајот во кој западна управата на Ерменистан поради претрпените порази на бојното поле, Хаџиев привлече внимание на тоа дека овие напади се извршуваат намерно.

Во меѓувреме, се истакнува ракетните системи на ерменската армија од чија страна беа истрелани ракетите врз градот Мингечевир се уништени од страна на азербејџанските сили за противвоздушна одбрана.
 



Слични вести