Портпаролката на МНР на Азербејџан Абдулаева за ТРТ Хабер: Светот не треба да молчи пред овој маскр

Портпаролката на МНР на Азербејџан Лејла Абдулаева учествуваше во живо на програмата на информативниот телевизиски канал на Турската радио и телевизија ТРТ Хабер кадешто истакна дека светот не треба да молчи пред овој маскр

1510865
Портпаролката на МНР на Азербејџан Абдулаева за ТРТ Хабер: Светот не треба да молчи пред овој маскр

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Азербејџан Лејла Абдулаева, учествуваше во живо на програмата на информативниот канал на Турската радио и телевизија ТРТ Хабер кадешто истакна дека додека азербејџанската армија напредува Ерменија ги таргетира цивилите.

Абдулаева рече: „Светот не треба да молчи пред овој маскр.“

Лејла Абдулаева истакна дека во извршените ракетни напади од страна на Ерменија врз цивилни населени места во градовите Генџе (Ганџа) и Мингечевир, загинаа 13 цивили, а повеќе од 40 цивили се ранети.

Таа истакна дека азербејџанскиот народ кој чекаше близу 30 години за да биде заземен градот Фузули, е во големо воодушевување поради веста за неговото ослободување, а воедно го рече следното: „Заземањето на Фузули е дочекано со големо воодушевување. Народот на Генџе пак, рекоа дека нема да ги напуштат своите домови и дека ќе ја продолжат борбата со начинот на сфаќање 'нека е жива татковината'.“

Нагласувајќи дека градот Генџе е подложен на ракетни напади и дека тоа претставува злосторство против човештвото и воено злосторство, Абдулаева за ТРТ Хабер го изјави следното: „Тоа претставува државен тероризам. Ерменија која западна во  беспомошност и очај ги таргетира цивилите. Азербејџан својата борба и одмаздата за Генџе ќе ја води на теренот. Нашата цел е да ги земеме (ослободиме) нашите сопствени територии. Ерменија пак, која го поддржува тероризмот посегнува по такви патишта. Нашиот повик до светот е да не молчи пред оваа човечка драма.“

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Азербејџан Лејла Абдулаева воедно напомена дека заземањето на градот Фузули го покажува напредувањето на азербејџанската армија на теренот и го рече следното: „Азербејџан проодлжува со одлучност. На државите кои упатуваат повик за прекин на огнот би сакале да им го кажеме тоа дека страната која го прекршува прекинот на огнот е Ерменија.“



Слични вести