Обединетите нации (ОН) ги осудија ерменските напади врз азербејџанските цивилни населени места

ОН истакнаа дека се чувствува длабока загриженост од влијанијата на судирите помеѓу Ерменија и Азербејџан врз цивилното население и дека остро го осудуваат секој вид напад врз цивилите

1510691
Обединетите нации (ОН) ги осудија ерменските напади врз азербејџанските цивилни населени места

Обединетите нации (ОН) ги осудија извршените ракетни напади од страна на Ерменија врз Азербејџан во кои има цивилни загуби.

ОН истакнаа дека се чувствува длабока загриженост од влијанијата на судирите помеѓу Ерменија и Азербејџан врз цивилното население и дека остро го осудуваат секој вид напад врз цивилите.

Ферхан Хак, еден од портпаролите на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), во дадената изјава за новинската Агенција Анадолија „АА“ во врска со извршените ракетни напади од страна на Ерменија врз азербејџанскиот град Генџе, рече дека генералниот секретар Антонио Гутерес чувствува длабока загриженост од судирите коишто продолжуваат помеѓу Ерменија и Азербејџан.

Хак информира дека генералниот секретар Гутерес оствари телефонски разговори со ерменскиот министер за надворешни работи Зохраб Мнатсаканјан и со азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов и дека притоа и до двете страни даде јасна порака по прашањето на целосно применување на прекинот на огнот.

Ферхан Хак напомена дека доколку пристигне барање Обединетите нации (ОН) се спремни за доставување хуманитарна помош и за соработка со страните.

Велејќи дека товарот на судирите коишто траат веќе 3 недели го сноси цивилното население, Хак рече: „Силно го осудуваме секој вид таргетирање и напад врз областите кадешто живеат цивили.“

Ферхан Хак ги потсети страните за одговорноста за заштита на цивилите и цивилната инфраструктура во рамките на меѓународното право, а воедно упати повик до Ерменија и Азербејџан за намалување на затегнатоста, за избегнување од секој вид дејство со коешто ќе се зголемат судирите и ќе го води регионот кон дестабилизација, како и за враќање без доцнење на преговори под надзор на копретседателите на Групата Минск на Организицијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ).

Инаку, Главното јавно обвинителство на Азербејџан соопшти дека во извршените ракетни напади од страна на Ерменија синоќа доцна по полноќ, врз градот Генџе, според првични информации, животот го загубија 12 цивили, а повеќе од 40 цивили се ранети.



Слични вести