Илхам Алиев се обрати на нацијата: Азербејџанската армија го ослободи од ерменска окупација и градот Фузули

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во своето обраќање до нацијата ја даде веста дека е ослободен од ерменска окупација и градот Фузули

1510714
Илхам Алиев се обрати на нацијата: Азербејџанската армија го ослободи од ерменска окупација и градот Фузули

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев се обрати до нацијата кадешто нагласи дека нечовечните ерменски напади врз цивилите нема да ја скрши волјата на азербејџанскиот народ.

Алиев во своето обраќање ја даде веста дека е ослободен од ерменска окупација и градот Фузули.

„Ние никако нема да ги нападнеме цивилите. На Ерменија ќе му одговориме на бојното поле. Она што го прават е убиство (злосторство) против човештвото. Ќе ги казниме нив. Сиромашната Ерменија од каде добива толку многу оружје? Кој на овие им дава оружје? Се испраќа оружје по незаконски патишта. Градот Фузули е ослободен од окупаторите. Од ослободените територии ќе се издигнува гласот на езанот.“ - рече Алиев.

Упатувајќи повик до ерменската армија да излезе од азербејџанските територии, Алиев го рече следното: „Потоа ќе се воспостави прекинот на огнот. Ќе ги земеме нашите територии, секој да го знае тоа.“

Од друга страна, азербејџанската армија продолжува да напредува пред ерменската армија на териториите кои што се наоѓаат под окупација.

Во објавеното соопштение од Министерството за одбрана на Азербејџан се истакнува дека ја зачувува својата затегнатост и тензичност ситуацијата во правците на градовите Агдере, Агдам, Фузули, Хадрут и Џебраил.

Во соопштението се вели дека азербејџанската армија успеа да ги разбие одбранбените линии на ерменските сили во различни правци и продолжи да напредува, а воедно се нагласува дека азербејџанските војници во операциите зазедоа некои значајни ридови и позиции.

Во соопштението се вели дека се уништени 7 тенка T-72, 2 ракетни системи „Град“, 8 хаубици D-30 и 1 хаубица D-20, 10 возила на ерменската армија.

Се привлекува внимание дека 5. полк и 1. баталјон на ерменската армија оставајќи зад себе голем број мртви и ранети се повлекоа и дека воедно приближно 300 ерменски војници од 1. полк оставајќи го своите позиции избегаа и приближно 300 ерменски војници на 1. полк. 

Во соопштението се нагласува дека ерменската армија е во предност во должина на целата фронтова линија.

Во соопштението на азербејџанското Министерство за одбрана исто така се подвлекува дека ерменската армија отворено го прекршува хуманитарниот прекин на огнот и дека од утринските часови отвора топовски оган врз градовите Тертер, Берде и Агџабеди.



Слични вести