ЕУ изрази жалење поради ерменските напади на градот Генџе

Целосно и без одлагање треба да се почитува примирјето постигнато на 10 октомври

1511003
ЕУ изрази жалење поради ерменските напади на градот Генџе

Европската унија (ЕУ) изрази жалење поради ерменскиот  ракетен напад врз азербејџанскиот град Генџе (Гања).

Во писменото соопштение во врска со нападот врз градот Генџе, портпаролот на ЕУ Питер Стано истакна:

„ЕУ изразува длабоко жалење поради ноќните напади врз азербејџанскиот град Генџе, во кои беа убиени и повредени цивили“.

Наведувајќи дека сите страни треба да прекинат со земањето за мета на цивилите и цивилните објекти, Стано рече:

„Целосно и без одлагање треба да се почитува примирјето постигнато на 10 октомври“.

Од друга страна, ниту еден западен лидер, на чело со американскиот претседател Доналд Трамп, не направија проценка за ерменската агресија на парвото и човековите права.

И меѓународните организации исто така се индиферентни и молчат наспроти ерменските напади врз невините цивили.

Француските медиуми случувањата ги изнесуваат и ги презентираат од проерменска перспектива. Преку вестите беше создадена слика како Карабах да е земја на Ерменија.

Западните медиуми за жртвите избегна да го употребат изразот цивили.

По нападот на ерменската армија врз цивилниte населби, азербејџанската армија на 27 септември започна контранапад.  Ерменија и Азербејџан на средбата во Москва, се одлучија за хуманитарен „прекин на огнот“  кој ќе започне на 10 октомври, со кој се предвидува размена на покојните и затворениците во Нагорно Карабах.

Ва нападите на ерменската армија со ракети врз азербејџанскиот град Генџе во рок од 24 часа по прекинот на огнот, загинаа 10, а 35 лица беа повредени. Во нападот на 15 октомври врз цивилите кои одеа на гробиштата на погребната церемонија во градот Тертер, загинаа 4, а 4 лица беа повредени.

Последниот напад којшто го изврши Ерменија беше ракетниот напад врз градот Генџе, во кој 13 цивили го загубија животот, а повеќе од 50 цивили беа повредени и извадени од урнатините.



Слични вести