Ерменската армија изврши ракетни напади врз азербејџанските градови Генџе и Мингечевир: Има загинати и ранети цивили

Ерменската армија изврши ракетни напади врз азербејџанските градови Генџе (Ганџа) и Мингечевир во кои според првични добиени информации има загинати и ранети цивили

1510624
Ерменската армија изврши ракетни напади врз азербејџанските градови Генџе и Мингечевир: Има загинати и ранети цивили
Ermenistan Gence'ye Füze Saldırısı 3.jpg
Ermenistan Gence'ye Füze Saldırısı 1.jpg
Ermenistan Gence'ye Füze Saldırısı 4.jpg
Ermenistan Gence'ye Füze Saldırısı 2.jpg

Ерменија повторно изврши ракетни напади врз азербејџанските цивили.

Ерменската армија истрела балистички ракети врз азербејџанските градови Генџе (Ганџа) и Мингечевир.

Во градот Генџе (Ганџа) голем број азеребјџански цивили останаа затрупани под рушевините предизвикани од балистичките ракети истрелани од ерменска страна.

Азербејџанскиот потпретседател Хикмет Хаџиев информира дека во извршените ракетни напади врз градовите Генџе (Ганџа) и Мингечевир има загинати и ранети цивили.

Хикмет Хаџиев во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: „Ерменските вооружени сили кои се затскриваат зад хуманитарниот прекин на огнот, продолжуваат да вршат тероризам и воено злосторство. Генџе (Ганџа) и Мингечевир се под ракетен напад, Ќе бидат утврдени човечките загуби и причинетата штета.“



Слични вести