Ерменија ги погоди со ракети азербејџанските градови Генџе и Мингечевир: Загинаа 12 цивили, има повеќе од 40 ранети

Во погодената област со балистички ракети во Генџе (Ганџа), вториот по големина град на Азербејџан, голем број цивили кои за време на нападот беа затечени во своите домови додека спиеја, останаа затрупани под рушевините на срушените згради

1510671
Ерменија ги погоди со ракети азербејџанските градови Генџе и Мингечевир: Загинаа 12 цивили, има повеќе од 40 ранети
azerbaycan.jpg
azerbaycan gence.jpg
azerbaycan.jpg

Ерменската армија синоќа неколку часа по полноќ изврши ракетни напади врз градовите Генџе (Ганџа) и Мингечевир, во кои според првични информации животот го загубија 12 цивили од кои две деца, а повеќе од 40 цивили се ранети.

Во погодената област со ракети во Генџе (Ганџа), вториот по големина град на Азербејџан, голем број цивили кои за време на нападот беа затечени во своите домови додека спиеја, останаа затрупани под рушевините на срушените згради.

Активностите за пребарување и спасување на погоденото место продолжуваат.

Потпретседателот на Азербејџан Хикмет Хаџиев во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер информира дека и се носат нови ракетни системи на Ерменија и дека синоќа беа истрелани ракети врз места населени со цивили во градот Генџе (Ганџа) и Мингечевир.

Велејќи дека во извршениот ракетен напад врз градот Генџе (Ганџа) се срушени повеќе од 20 куќи и неколкуспратни згради, Хаџиев истакна дека овој нов напад е показател за терористичката политика на ерменската држава.

Хаџиев информира дека едната од истреланите ракети врз азербејџанските цивилни населени места погоди една повеќеспратна зграда при што во овој напад животот го загубија 12 азербејџански цивили, а повеќе од 40 цивили се ранети.

Азербејџанскиот потпретседател Хикмет Хаџиев рече дека извршените напади врз цивилите со балистички ракети „Елбрус“ од типот „Скад“ се показател за неморалниот и шизофреничен начин на размислување на управата на Ереван.

Велејќи дека нападите врз цивилите се показател за беспомошноста и очајот во кој западна управата на Ерменистан поради претрпените порази на бојното поле, Хаџиев привлече внимание на тоа дека овие напади се извршуваат намерно.

Како што се истакнува, ракетните системи на ерменската армија од чија страна беа истрелани ракетите врз градот Мингечевир се уништени од страна на азербејџанските сили за противвоздушна одбрана.



Слични вести