Азербејџан сруши воен авион на Ерменија од типот „Су-25“

Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека денеска околу 11:11 часот по локално време од страна на азербејџанските системи за противвоздушна одбрана е срушен воен авион на Ерменија од типот „Су-25“

1510778
Азербејџан сруши воен авион на Ерменија од типот „Су-25“

Азербејџан сруши воен авион на Ерменија од типот „Су-25“.

Според објавеното соопштение од Министерството за одбрана на Азербејџан, денеска околу 11:11 часот по локално време од страна на азербејџанските системи за противвоздушна одбрана е срушен воен авион на Ерменија од типот „Су-25“.

Во соопштението се истакнува дека срушениот ерменски воен авион се подготвувал да изврши напад врз азербејџанската армија.

Извори од регионот соопштуваат дека воениот авион е срушен во правец на градот Џебраил во јужниот дел на Нагорно Карабах.

Од друга страна, азербејџанската армија денеска продолжи да напредува во Нагорно Карабах кадешто ја воспостави контролата и го ослободи од ерменска окупација градот Фузули и 7 села во околината на овој град.

Во меѓувреме од регионот пристигнуваат вести и во однос на тоа дека азербејџанската армија уништи и еден антиракетен систем С-300, а сруши и едно беспилотно летало на Ерменија.

Во објавеното соопштение од азербејџанското Министерство за одбрана се истакнува дека е погодено и срушено ерменско беспилотно летало кое реализирало извидувачки лет над азербејџанските позиции во правец на градот Товуз во близина на границата помеѓу двете земји.



Слични вести