Протести за поддршка на Азербејџан во Италија
Околу 300 лица кои се собраа на плоштадот „Монтечиторио“ пред Претставничкиот дом во главниот град Рим

Азербејџанските Турци кои живеат во Италија одржаа протести против бомбардирањето на Ерменија врз цивилните населби во Азербејџан и ерменската окупација на Нагорно Карабах.
Околу 300 лица кои се собраа на плоштадот „Монтечиторио“ пред Претставничкиот дом во главниот град Рим, на протестите против ерменската окупација на Нагорно Карабах и неодамнешните напади, исто така испратија пораки за поддршка на азербејџанската армија.
На демонстрациите на кои се вееја знамиња на Турција и Азербејџан, беа отворени транспаренти на кои пишуваше: „Карабах му припаѓа на Азербејџан“, „Геноцид во Хоџали“, „правда за Хоџали“, „Спречете ги ерменските напади“. Демонстрантите честопати извикуваа „Карабах му припаѓа на Азербејџан“, „Правда за Хоџали“, „Цивилите во Генџе (Гања) се изложени на масакр“.