Прашањето со Источниот Медитеран ќе биде разгледано на Лидерскиот самит на ЕУ во декември

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел истакна дека прашањето со Источниот Медитеран ќе се разгледа на претстојниот Лидерски самит на Еврпската унија (ЕУ) во декември

1510546
Прашањето со Источниот Медитеран ќе биде разгледано на Лидерскиот самит на ЕУ во декември

Европската унија (ЕУ), прашањето со Источниот Медитеран ќе го разгледа на претстојниот Лидерски самит што ќе се одржи во декември.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел на крајот на Лидерскиот самит на Европската унија (ЕУ) во текот на 2 дена во белгискиот главен град Брисел, одржа прес-конференција.

Појаснувајќи дека на самитот освен бројни теми разговараа и за ситуацијата во Источниот Медитеран, Мишел рече: „Во месец декември планираме да организираме самит. Овде планираме да направиме проценка за Турција и ситуацијата во Источниот Медитеран. Јас предлагам да го следиме овој приод.“

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел ја сподели информацијата дека на денешниот состанок имаа свои излагања лидерите на Грција и Кипарско-грчкиот дел и дека одржаа куса средба во врска со прашањето, а воедно нагласи дека ќе продолжат да ги следат одблизу случувањата во врска со Источниот Медитеран.



Слични вести