Поддршка од азербејџанските Евреи на Азербејџан

Демонстрациите, на кои присуствуваа голем број азербејџански Евреи собрани во центарот на градот Петах Тиква, започнаа со едноминутно молчење и оддавање почит на азербејџанските војници и цивилите кои ги загубија своите животи во ерменските напади

1510083
Поддршка од азербејџанските Евреи на Азербејџан

 

Азербејџанските Евреи кои живеат во Израел одржаа демонстрации во знак на протест против ерменските напади врз Азербејџан.

Демонстрациите, на кои присуствуваа голем број азербејџански Евреи собрани во центарот на градот Петах Тиква, започнаа со едноминутно молчење и оддавање почит на азербејџанските војници и цивилите кои ги загубија своите животи во ерменските напади.

Демонстрантите со азербејџански, турски и израелски знамиња извикуваа пароли „Карабах е наш, наш ќе остане“, „Хероите не умираат, татковината е неразделна“, „Азербејџан треба да биде единствен, оние што не сакаат да бидат слепи“.

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Азербејџанското знаме ќе го поставиме во Карабах“, „Карабах му припаѓа на Азербејџан“, „Запрете ги ерменските напади“.

На демонстрациите, кои беа поддржани и од страна на азербејџанските муслимани кои живеат во Израел, беа прикажани фотографии од ерменските напади врз цивилни цели во азербејџанските градови.

Демонстрантите потоа се качија на своите возила со азербејџански, турски и израелски знамиња и формираа конвој во центарот на градот Петах Тиква.

Според информациите, околу 100 илјади Евреи со азербејџанско потекло живеат во многу градови на Израел.

Повеќето од овие Евреи емигрирале во Израел во периодот по распаѓањето на Советскиот Сојуз.

Според проценките, бројот на еврејското население што живее во Азербејџан изнесува околу 10 илјади.



Слични вести