Бројот на загинатите во ерменските напади врз азербејџанските цивилни населени места се зголеми на 47 лица

Главното јавно обвинителство на Азербејџан соопшти дека во реализираните топовски и ракетни напади од страна на ерменската армија врз азербејџанските населени места од 27 сепотември до 16 октомври животот го загубија 47 цивили, а 222'јца се ранети

1510358
Бројот на загинатите во ерменските напади врз азербејџанските цивилни населени места се зголеми на 47 лица

Во реализираните топовски и ракетни напади од страна на Ерменија врз азербејџанските населени места, досега животот го загубија 47 цивили, а 222'јца се ранети.

Главното јавно обвинителство на Азербејџан ги соопшти човечките загуби и предизвиканите материјални штети во реализираните ерменски напади од 27 септември до 16 октомври.

Според тоа, во нападите на Ерменија во навединиот период досега животот го загубија 47 азербејџански цивили, а 222'јца се ранети.

Во ерменските напади се доведени во неупотреблива состојба 1.669 куќи, 84 згради и 301 јавна зграда.

Инаку, откако ерменската армија на 27 септември отвори оган со тешко оружје врз азербејџанските позиции и цивилни населени места, азербејџанската армија започна противнапад.

Ерменската армија која изгуби голем број свои позиции продолжи да реализира напади со топови и ракети врз цивилните населени места во Азербејџан.

Потоа по неколкудневни судири, Азербејџан и Ерменија на одржаните разговори во главниот град на Русија, Москва, донесоа одлука за прекин на огнот со хуманитарна цел којшто стапи во сила на 10 октомври, во 12:00 часот по локално време и кој предвидуваше размена на мртвите и заробениците во Нагорно Карабах.

Меѓутоа, без да поминат ниту 24 часа од прогласениот привремен прекин на огнот ерменската армија повторно изврши ракетни напади врз азербејџанските градови, населени места и села.

Во ракетниот напад врз градот Генџе (Ганџа), вториот по големина град на Азербејџан, загинаа 10 цивили, а 35 мина беа ранети.

Вчера пак, ерменската армија изврши напад врз цивилите кои се наоѓале на погребна церемонија во гробиштата во градот Тертер во кој животот го загубија четворица азербејџански цивили, а четворица беа ранети.



Слични вести