Азербејџанската армија ослободи од ерменска окупација уште 3 села кај градот Хоџавенд

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер информира дека кај градот Хоџаневд се ослободени од ерменска окупација уште 3 села и тоа Хирманџик, Акбулак и Ахуллу

1510576
Азербејџанската армија ослободи од ерменска окупација уште 3 села кај градот Хоџавенд

Азербејџанската армија ослободи од ерменска окупација уште 3 села кај градот Хоџавенд.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер информира дека кај градот Хоџаневд се ослободени од ерменска окупација уште 3 села.

Алиев во своето соопштение напиша: „Јуначката азербејџанскс армија ги ослободи од окупација селата Хирманџик, Акбулак и Ахуллу кај градот Хоџавенд. Да живее азербејџанската армија. Карабах е на Азербејџан.“

Инаку, откако ерменската армија на 27 септември отвори оган со тешко оружје врз азербејџанските позиции и цивилни населени места, азербејџанската армија започна противнапад.

Ерменската армија која изгуби голем број свои позиции продолжи да реализира напади со топови и ракети врз цивилните населени места во Азербејџан.

Потоа по неколкудневни судири, Азербејџан и Ерменија на одржаните разговори во главниот град на Русија, Москва, донесоа одлука за прекин на огнот со хуманитарна цел којшто стапи во сила на 10 октомври, во 12:00 часот по локално време и кој предвидуваше размена на мртвите и заробениците во Нагорно Карабах.

Меѓутоа, без да поминат ниту 24 часа од прогласениот привремен прекин на огнот ерменската армија повторно изврши ракетни напади врз азербејџанските градови, населени места и села.

Во ракетниот напад врз градот Генџе (Ганџа), вториот по големина град на Азербејџан, загинаа 10 цивили, а 35 мина беа ранети.

Вчера пак, ерменската армија изврши напад врз цивилите за време на погребна церемонија во гробиштата во градот Тертер во кој животот го загубија четворица азербејџански цивили, а четворица беа ранети.



Слични вести