Алијев: „Азербејџан во никој случај нема да се согласи со окупацијата на Нагорно Карабах“

Претседателот на Азербејџан Илхам Алијев рече дека Нагорно-Карабах е ослободителна војна за Азербејџан

1510474
Алијев: „Азербејџан во никој случај нема да се согласи со окупацијата на Нагорно Карабах“

 

Претседателот на Азербејџан Илхам Алијев рече дека Нагорно-Карабах е ослободителна војна за Азербејџан и подвлече:

„Азербејџан во никој случај нема да даде согласност за окупација на Нагорно Карабах“.

Претседателот Илхам Алијев и ерменскиот премиер Никол Пашинјан дадоа интервју за руската новинска агенција „Риа Новости“ и одговорија на истите прашања.

Претседателот на Азербејџан Алијев уште еднаш ги изнесе своите црвени линии и ја упати поракате дека нема никакви отстапки под никакви околности.

„Нашиот став отсекогаш беше многу конструктивен и конзистентен, ние јасно ги зинесовме нашите црвени линии. Територијалниот интегритет на Азербејџан не може да се наруши под никакви околности, Азербејџан во никој случај нема да даде согласност за окупацијата на Нагорно Карабах“.

Алијев рече дека секоја војна е брутална, но оваа војна за азербејџанскиот народ е ослободување, додека за Ерменија инвазиска војна.

Претседателот на Азербејџан категорично го демантираше тврдењето дека во редовите на азербејџанската армија има платеници и потенцираше на следното:

„Немаме потреба од странско учество од воен аспект. Нашата армија се состои од повеќе од 100 илјади војници и моментано нашите воени единици што ги имаме се способни да ја извршуваат секоја зададена задача“.

Ерменскиот премиер Пашинијан призна дека тие биле во многу тешка ситуација на фронтот, потенцирајќи дека имале многу загуби.

Тврдејќи дека се подготвени за компромис, Пашинијан ги игнорираше ерменските напади врз цивилните населби и рече?

„Спремни сме да ги спроведеме чекорите договорени во Москва“.



Слични вести