Реакција од МНО на нападот на ерменската армија врз гробиштата во азербејџанскиот град Тертер

Министерството за национална одбрана покажа реакција против нападот на ерменската армија врз цивилите кои оделе на погребна церемонија во гробиштата во азербејџанскиот град Тертер

1509880
Реакција од МНО на нападот на ерменската армија врз гробиштата во азербејџанскиот град Тертер

Министерството за национална одбрана  во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер покажа реакција против нападот на ерменската армија врз цивилите кои оделе на погребна церемонија во гробиштата во градот Тертер во Азербејџан.

Во соопштението се нагласува дека нема да се остане воздржан од прогласување до целиот свет на воените злосторства и злосторствата против човештвото коишто ги извршува Ерменија. 

Се потсетува дека ерменската армија која ги таргетира населените места, користи касетни и фосфорни бомби, и денеска ги таргетираше цивилите кои оделе на погребна церемонија во гробишта.

Во соопштението се вели следното: "Веќе треба да се каже стоп за овие ѕверства на Ерменија."

Во соопштението им се одделува место и на фотографиите на кои се гледа причинетата штета во гробиштата и околината, во извршениот напад.

Инаку, во извршениот напад од страна на ерменската армија врз гробиштата во азербејџанскиот град Тертер животот го загубија тројца цивили, а тројца се ранети. 



Слични вести