Расте биланост на Ковид-19 во светот

Бројот на оздравените изнесува над 29.129.000.

1509587
Расте биланост на Ковид-19 во светот

 

Бројот на смртните случаи од новиот вид коронавирус (Ковид-19) изнесува над еден 1.096.900. Зголемувањето на бројот на инфектираните случаи покажува дека вториот бран интензивно се шири особено во Европа. Додека бројот на заразените изнесува 38.752.000, бројот на оздравените изнесува над 29.129.000.

Во Соединетите Американски Држави (САД), каде што досега од од Ковид-19 умреа 221.843, а 8.150.043 лица беа инфектирани, сопругата на претседателот Доналд Трамп, Меланија Трамп, нивниот син Барон Трамп исто така бил заразени, но оздравеле.

Бројот на смртните случаи во последните 24 часа во Велика Британија, епицентарот на епидемијата во Европа,  се зголеми за уште 137 и изнесува 43.155, а бројот на заразените достигна се зголеми за уште 19.724 и достигна 655.644 и на тој начин беше соборен еден нов дневен рекорд.

Во Италија, во последните 24 часа од новиот вид коронавирус умреа уште 43 лица, така што вкупниот број на загинати се зголеми на 36.289. Со 7.332 нови случаи кои се евидентирани како рекордни од почетокот на епидемијата, бројот на заразени од Ковид-19 се зголеми на 372.799.

Во Шпанија, последните 24 часа од Ковид-19 умреа уште 209 лица, поради што вкупниот број на жртвите се зголеми на 33.413. Во земјата, каде што во псоледните 24 часа беа регистрирани уште 11.970 нови случаи, бројот на заразени се зголеми на 908.056. Шпанија е земја со најголем број случаи во Европа.

Во Франција, во последните 24 часа од Ковид-19 умреа уште 104 лица, поради што вкупниот број на жртвите се зголеми на 33.037. Бројот на заразените од вирусот се зголеми за уште 22.591 што претставува нов рекорд и достигна 779.063. Претседателот Емануел Макрон истакна дека од 17 октомври сабота, во рамките на мерките Ковид-19, ќе се воведе 4 неделен полициски час во Париз и во многу градови од 21.00-06.00 по локално време. Од друга страна, со указот издаден од владата, беше одлучено на 17 октомври повторно да се прогласи вонредна состојба во областа на здравството.

Во Германија, каде досега од Ковид-19 умреа 9.771 и беа заразени 341.742 лица, канцеларката Ангела Меркел изјави дека зголемениот број случаи предизвикува загриженост. Нагласувајќи дека Германија треба да позајми околу 250 милијарди евра поради Ковид-19, Меркел рече: „Затоа не можеме да си дозволиме втор бран економски, освен здравствениот систем“. Во земјата се засилуваат мерките против опасноста од „втор бран“ на Ковид-19. Според тоа, рестораните, кафулињата и баровите треба да се затворат од 23:00 часот натаму. По овие часови, ќе важи забраната за алкохол. Обврската за носење маски во ризични области дополнително ќе биде проширена. Приватните забави ќе биде ограничени најмногу со 10 лица. Само две домаќинства меѓусебно ќе можат да се посетуваат. Максимум 10 лица ќе можат да се соберат на отворено.

Рекордно зголемување на случаите на инфектирање се случи на Малта, каде досега имаше 44 жртви од епидемијата. Во последните 24 часа во земјата беа дијагностицирани 111 лице; бројот на заразени се зголеми на 4.048. Додека претставниците на Медицинската асоцијација на Малта и другите здравствени работници ја повикаа владата да преземе дополнителни мерки, Установата за јавно здравје на Малта упати критики за непочитување на преземените мерки.

Во Австралија, каде што досега од Ковид-19 умреа 904 лица, премиерот Скот Морисон рече дека по Нов Зеланд, остварил средби со лидерите на Јапонија, Сингапур и Јужна Кореја за повторно отворање на авиокомпаниите. На патниците кои од утре ќе патуваат од Нов Зеланд, каде не се видени случаи Ковид-19, ќе им биде дозволено во земјата да велзат без да влезат во карантин во хотелот.



Слични вести