Киргистанскиот претседател Сооронбај Жеенбеков поднесе оставка

Според објавеното соопштение од прес-центарот на кабинетот на претседателството, претседателот Сооронбај Жеенбеков нагласи дека за него лично пред сѐ се значајни мирот, територијалниот интегритет, единството на народот и спокојството во општеството

1509673
Киргистанскиот претседател Сооронбај Жеенбеков поднесе оставка

Киргистанскиот претседател Сооронбај Жеенбеков соопшти дека донел одлука да поднесе оставка во услови кога во земјата со недели како владеат немири.

Според објавеното соопштение од прес-центарот на кабинетот на претседателството, претседателот Жеенбеков нагласи дека за него лично пред сѐ се значајни мирот, територијалниот интегритет, единството на народот и спокојството во општеството во Киргистан.  

Привлекувајќи внимание дека социополитичката состојба во главниот град Бишкек ја зачувува својата затегнатост. Жеенбеков ја изнесе следната констатација: „Вчера го одобрив новиот Совет на министри. Продолжуваат барањата веднаш да поднесам оставка. Актуелната состојба е блиску до судир помеѓу двете страни. Од една страна протестирачите, од друга безбедносните сили. Војската и безбедносните сили за одбрана на претседателската резиденција мораат да употребат оружје. За мене нема нешто позначајно од животот на секој еден мој граѓанин. Не сакам во историјата да се споменувам како претседател кој пролеал крв. Затоа донесов одлука за оставка од мојата должност.“

Упатувајќи повик до новиот киргистански премиер Садир Џапаров и до другите политичари да ги извадат своите приврзаници од Бишкек и да им обезбедат живот во спокојство на жителите на главниот град, Сооронбај Жеенбеков рече: „Ниту една власт не вреди пред територијалниот интегритет на нашата земја и мирот во општеството. Великиот Аллах да не чува сите, да има спокојство и мир на нашите територии.“   

Инаку, приврзаниците на киргистанскиот премиер Садир Џапаров кој вчера седна на премиерската фотелја и на другите политичари на одржаниоот протест ја побараа оставката на претседателот Сооронбај Жеенбеков.

 



Слични вести