Ирачкиот премиер Ал-Ќазими рече дека ја примил поканата на претседателот Ердоган

На приемот беа разменети мислења за развојот на билатералните односи меѓу двете земји во сите области

1509376
Ирачкиот премиер Ал-Ќазими рече дека ја примил поканата на претседателот Ердоган

 

Ирачкиот премиер Мустафа ал-Ќазими рече дека ја примил поканата на претседателот Реџеп Таип Ердоган за посета на главниот град Анкара.

Според писмента соопштение на Канцеларијата за печат на ирачката влада, премиерот Ќазими во владината палата го прими турскиот амбасадор Фатих Јилдиз.

На приемот беа разменети мислења за развојот на билатералните односи меѓу двете земји во сите области.

Амбасадорот Јилдиз во објавата преку својот профил на социјалните мрежи во врска со средбата рече: „Денес, за време на мојот прием од страна на премиерот Мустафа ал-Ќазими, уште еднаш ја потврдив нашата волја да ги подобриме односите со Ирак во сите полиња. Нагласив дека ќе продолжиме силно да го поддржуваме ставот на Ирак што ја отфрла политиката на оската во нашиот регион и надвор од нашиот регион“.



Слични вести