Азербејџанската армија ги спречи ерменските напади

Азербејџанската армија го почитува хуманитарниот прекин на огнот и има предност на целиот фронт,

1509432
Азербејџанската армија ги спречи ерменските напади

 

Азербејџанската армија продолжи да им нанесува сериозни загуби на ерменските сили.

Во соопштението кое беше објавено од страна на  Министерството за одбрана на Азербејџан, беше наведено дека ситуацијата во правец на Агдере, Агдам, Фузули, Џебрајил и Хадрут е напната исто како и претходните денови.

Во соопштението се истакнува дека нападите извршени од ерменските сили во текот на ноќта биле спречени од азербејџанската армија и дека ерменските сили биле принудени да се повлечат и дека претрпеа сериозни загуби.

Во соопштението на Министерството беше истакнато дека биле уништени 2 тенкови Т-72, ​​1 противавионси топ Тор-М2КМ, 4 ракетни системи „Град“, 1 хаубица Д-20, 1 хаубица Д-30 и 2 хаубици Д-1, неколку беспилотни воздушни возила и неколку возила за пренесување на персоналот.

Во окупираните области беа нанесени теши загуби на ерменските сили,  а возилата, муницијата и горивото на непријателот се пред истекување.

Азербејџанската армија го почитува хуманитарниот прекин на огнот и има предност на целиот фронт, беше нагласено во соопштението.

Во соопштението беше потенцирано дека ерменската армија отворено го прекрши хуманитарниот прекин на огнот и ги бомбардираше провинциите Горанбој, Тертер, Агдам и Агџабеди.



Слични вести