Жан-Ив Ле Дријан: Франција треба да остане неутрална во проблемот Нагорно Карабах

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан истакна дека неговата земја треба да остане неутрална во врска со проблемот Нагорно Карабах

1508482
Жан-Ив Ле Дријан: Франција треба да остане неутрална во проблемот Нагорно Карабах

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан во дадената изјава во Националното Собрание во врска со повикот на пратениците околу тоа дека треба да и се даде поддршка на Ерменија во присутниот проблем Нагорно Карабах, истакна дека Франција треба да остане неутрална.

Ле Дријан рече: „Надлежноста којашто ни е дадена од страна на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) заедно и со Русија и Соединетите Американски Држави (САД) во 1994 година, ја налага потребата Франција да остане неутрална.“ 

Велејќи дека САД, Русија и Франција како копретседатели на Групата Минска на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) имаат посредничка улога во решавањето на проблемот Нагорно Карабах, Ле Дријан рече: „Доколку бидеме на страната на едната од двете земји (Азербејџан и Ерменија), не можеме да бидеме легитимни.“

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан истакна дека неговата земја ги продолжува како што рече „блиските и билатерални односи“ со Ерменија и појанси дека исто така постојат долгорочни односи и со Азербејџан.



Слични вести