Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Во Соединетите Американски Држави (САД) бројот на смртните случа се искачи на над 220 илјади 873 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 8 милиони 090 илјади 253

1508529
Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 1 милион 090 илјади 921 лице, на случаите на зараза изнесува над 38 милиони 380 илјади лица, а досега оздравеа повеќе од 28 милиони 854 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кадешто бројот на смртните случа се искачи на над 220 илјади 873 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 8 милиони 090 илјади 253. 

Во латиноамериканската држава Бразил, која по бројот на смртните случаи веднаш по САД се наоѓа на второ место и која се смета за епицентар во Латинска Америка, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 151.063 лица, а на случаите на зараза изнесува 5 милиони 114 илјади 823 лица.

Во Мексико, во изминатите 24 часа од коронавирусот животот го загубија уште 475 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 84.420, додека со регистрирани 4.295 новозаразени бројот на случаите на зараза достигна до 825.340 лица. 

Во Велика Британија, со најголем број починати од коронавирусот и епицентар во Европа, со раст за уште 143 лица во изминатите 24 часа бројот на смртните случаи се искачи на вкупно 43.018, а на инфектираните со раст од 17.234 со што е постигнат рекорден раст во еден ден, достигна до вкупно 634.920 лица. 

Во Италија, бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 36.246, а на случаите на зараза достигна до 365.467 лица. 

Во Шпанија, бројот на смртните случаи се искачи на 33.204 лица, а на инфектираните достигна до 925.341 лице. 

Во Франција, во изминатите 24 часа починаа уште 108 лица со што бројот на смртните случаи се искачи на вкупно 32.942, а на случаите на зараза со раст во еден ден од 12.993 лица достигна до 756.472. 

Во Португалија, бројот на смртните случаи се зголеми на 2.110 лица, а на случаите на зараза на 89.121 лице.

Во Република Северна Македонија, во изминатите 24 часа се потврдени 3 починати, а се регистрирани 80 нови случаи на зараза од коронавирусот (Ковид-19). На тој начин вкупниот број на смртни случаи во Северна Македонија се зголеми на 800, а на инфектираните од овој вирус се искачи на 21.193 лица.

Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка

Во Индија, која со 7 милиони 239 илјади 389 инфектирани лица е во положба на втора земја во светот по бројот на случаите на зараза, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 110.617 лица.

Во Русија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 достигна до 22.966, а на случаите на зараза изнесува над 1 милион 326 илјади 178 лица.

Во Иран, кадешто досега починаа 29.070 лица, бројот на случаите на зараза се искачи на 508.389. 

Во Ирак, бројот на починатите се зголеми на 9.970 лица, а на случаите изнесува 409.358.

Во Пакистан, од Ковид-19 животот го загубија 6.601 лица, а бројот на случаите на зараза се зголеми на 320.463.

Во Израел, бројот на смртните случаи изнесува 2.055, а на инфектираните достигна до 297.274 лица.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 на континентот Африка се зголеми на вкупно 38.633 лица, а на случаите на зараза достигна до 1 милион 601 илјади 181.

Најголем број смртни случаи во Африка има во Јужноафриканската Република кадешто досега починаа вкупно 18.028, а потоа следуваат Египет со 6.071, Мароко 2.685, Алжир 1.818, Етиопија 1.305, Нигерија 1.116, Судан 836, Кенија 787, Камерун 423 починати.

 



Слични вести