Помпео ги повика Азербејџан и Ерменија да се придржуваат кон прекинот на огнот

Мајк Помпео рече: „САД, ги повикуваат Азербејџан и Ерменија да ги исполнат своите ветувања за придржување кон постигнатиот договор за прекин на огнот и да ги сопрат таргетирањата врз цивилните населени места како Ганџа и Степанакерт (Ханкенди)“

1508467
Помпео ги повика Азербејџан и Ерменија да се придржуваат кон прекинот на огнот

Американскиот државен секретар Мајк Помпео на својот профил на социјалната мрежа Твитер објави соопштение во врска со Нагорно Карабах во кое ги повика Азербејџан и Ерменија да се придржуваат кон прекинот на огнот и да не ги таргетираат цивилите.

Велејќи дека чувствуваат жалење од човечките загуби во Нагорно Карабах и дека се приврзани кон мирољубиво решение, Помпео рече: „САД, ги повикуваат Азербејџан и Ерменија да ги исполнат своите ветувања за придржување кон постигнатиот договор за прекин на огнот и да ги сопрат таргетирањата врз цивилните населени места како Ганџа и Степанакерт (Ханкенди).“

Мајк Помпео апелира до Ерменија да стави крај на таргетирањата врз цивилни цели во азербејџанскиот град Генџе (Ганџа), а исто така привлече внимание и тоа што се осврна и на тврдењата од страна на Ереван околу тоа дека се „погодени цивили“ во Ханкенди во Нагорно Карабах, кадешто пак се погодени воени цели на ерменската армија.    

Инаку, ерменската армија на 27 септември започна напад врз азербејџанските позиции и азербејџанските цивилни населени места, по што и азербејџанската армија одговори со противнапади и започна операција за ослободување на своите територии кои се наоѓаат под ерменска окупација (подрачјето Карабах и уште 7 реони-области околу ова подрачје).

Ерменската армија која ги изгуби своите позиции потоа продолжи да реализира топовски и ракетни напади врз азербејџанските цивилни населени места.

Потоа по неколкудневни судири, Азербејџан и Ерменија на одржаните разговори во Москва, донесоа одлука за прекин на огнот со хуманитарна цел којшто стапи во сила на 10 октомври, во сабота, во 12:00 часот по локално време и кој предвидуваше размена на мртвите и заробениците во Нагорно Карабах.

Меѓутоа, без да поминат ниту 24 часа од прогласениот привремен прекин на огнот ерменската армија повторно изврши ракетни напади врз азербејџанските градови, населени места и села.

Во ракетниот напад врз градот Генџе (Ганџа), вториот по големина град на Азербејџан, загинаа 10 цивили, а 35 мина беа ранети.

 



Слични вести