Ерменската армија повторно гранатираше училиште во Азербејџан

Новинарската екипа на Турската радио и телевизија (ТРТ) која ги следи случувањата на теренот го сними гранатираното училиште кое беше цек на ерменските сили

1509017
Ерменската армија повторно гранатираше училиште во Азербејџан

Ерменската армија со топовски истрели гранатираше едно училиште на линијата Тертер-Агдам.

Новинарската екипа на Турската радио и телевизија (ТРТ) која ги следи случувањата на теренот го сними гранатираното училиште кое беше цек на ерменските сили.

Ерменија, и покрај прогласениот прекин на огнот продолжува да ги таргетира циивлните населени места во Азербејџан.

Во раните утрински часови беше извршено жестоко топовско гранатирање врз градот Тертер, на линијата Тертер-Агдам беше гранатирано и ендо училиште.

Погоденото училиште беше снимено од страна на новинарската екипа на Турската радио и телевизија (ТРТ).

Бројот на училиштата кои беа таргетирани во реализираните напади од страна на ерменската армија досега во областа на градот Тертер се зголеми на 13.

Од страна на ерменската армија постојано се поставуваат на мета и цивилите, и новинарите, и јавните згради.

Цел на ерменските сили беше новинарската екипа на Азербејџанската државна телевизија (АЗТВ) која ги следи ерменските напади врз цивилите во градот Тертер во Азербејџан, при што во нападот беше ранет возачот на возилото кое ги превезуваше новинарите.

Главното јавно обвинителство на Азербејџан соопшти дека од 27 септември до 14 октомври поради нападите на Ерменија животот го загубија 43 азербејџански цивили, а 206 мина се ранети.

Во меѓувреме, азербејџанската армија сруши беспилотно летало на Ерменија.

Во објавеното соопштение од азербејџанското Министерство за одбрана се истакнува дека беспилотното летало во сопственост на Ерменија кое во пладневните часови летало во правец на Фузули е срушено од страна на азербејџанските противвоздушни сили.

Азербејџанската армија и на 12 октомври сруши 3 беспилотни летала на Ерменија.  

Инаку, откако ерменската армија на 27 септември отвори оган со тешко оружје врз азербејџанските позиции и цивилни населени места, азербејџанската армија започна противнапад.

Ерменската армија која изгуби голем број свои позиции продолжи да реализира напади со топови и ракети врз цивилните населени места во Азербејџан.

Потоа по неколкудневни судири, Азербејџан и Ерменија на одржаните разговори во главниот град на Русија, Москва, донесоа одлука за прекин на огнот со хуманитарна цел којшто стапи во сила на 10 октомври, во сабота, во 12:00 часот по локално време и кој предвидуваше размена на мртвите и заробениците во Нагорно Карабах.

Меѓутоа, без да поминат ниту 24 часа од прогласениот привремен прекин на огнот ерменската армија повторно изврши ракетни напади врз азербејџанските градови, населени места и села.

Во ракетниот напад врз градот Генџе (Ганџа), вториот по големина град на Азербејџан, загинаа 10 цивили, а 35 мина беа ранети.



Слични вести