Бројот на загинатите азербејџански цивили во ерменските напади се зголеми на 43 лица

Главното јавно обвинителство на Азербејџан соопшти дека во синоќешните топовски напади реализирани од страна на ерменската армија животот го загуби еден цивил, со што бројот на загинатите азербејџански цивили од 27 септември досега се зголеми на 43 лица

1508642
Бројот на загинатите азербејџански цивили во ерменските напади се зголеми на 43 лица

Во последниот напад на ерменската армија којшто е извршен синоќа, и покрај прогласениот прекин на огнот, со топовски истрели врз азербејџанските населени места животот го загуби уште еден цивил, со што бројот на загинатите азербејџански цивили се зголеми на 43, а повеќе од 200 цивили се ранети.

Во објавеното соопштение од Главното јавно обвинителство на Азербејџан се истакнува дека ерменската армија во раните утрински часови реализира интензивни топовски истрели врз градот Тертер.

Во нападот, во градчето Нарли животот го загуби еден цивил, со што бројот на загинатите азербејџански цивили од 27 септември досега се зголеми на 43, а во нападите се ранети и повеќе од 200 цивили.

Од друга страна, азербејџанската армија ги уништи балистичките ракетни системи на Ерменија кои се подготвуваа за напад врз цивилните населени места.

Во објавеното соопштение од Министерството за одбрана на Азербејџан се истакнува дека едниот од двете балистички ракетни системи стационирани во Ерменија е уништен синоќа околу 01:00 часот по полноќ, а вториот балистички ракетен систем е уништен со стопроцентно прецизен истрел утрово во 08:36 часот по локално време.

Се наведува дека уништените ракетни системи се подготвувале за напад врз азербејџанските цивилни населени места, поради што се напоменува дека и покрај тоа што беа стационирани на територијата на Ерменија претставуваа легитимна цел за азербејџанската армија.

Се соопштува дека ерменските сили за повторно окупирање на изгубените позиции синоќа, во текот на целата ноќ, реализираше напади во правците на Агдере, Агдам, Фузули, Џебраил и Хадрут.

Во соопштението на Министерството за одбрана на Азербејџан се истакнува дека азеребјџанската армија ги спречи сиве овие напади и притоа се уништени 5 тенка T-72, 3 ракетни системи „Град“, 1 противавионски систем „ОСА“, 1 оклопно пешадиско возило BMP-2, 1 противавионски топ KS-19, 1 хаубици D-30 и некоолку транспортни возила на ерменската армија.

Се истакнува дека ерменската армија отвори топовски оган врз градовите Тертер, Агдам и Агџабеди, додека азербејџанската армија ги презеде потребните мерки за заштита на цивилното население.

 



Слични вести