Азербејџан: Балистичките ракети на Ерменија се уништени како легитимна воена цел

Азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов истакна дека се уништени балистички ракети на ерменската армија кои претставуваа легитимна воена цел и со цел да се одбрани цивилниот народ

1509046
Азербејџан: Балистичките ракети на Ерменија се уништени како легитимна воена цел

Азербејџан соопшти дека се уништени балистички ракети на ерменската армија кои претставуваа легитимна воена цел и со цел да се одбрани цивилниот народ.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов оставрија телефонски разговор во кој ја разгледаа ситуацијата во Нагорно Карабах.

Во објавеното соопштение од азербејџанското Министерство за надворешни работи, се вели дека во остварениот разговор помеѓу министрите за надворешни работи на Русија и Азербејџан, Бајрамов го информираше својот руски колега во врска со случувањата во регионот. 

Џејхун Бајрамов истакна дека балистичките ракети на ерменската армија околу 01:00 часот по локално време по полноќ на 14 октомври биле доведени во готова состојба за напад врз азербејџанските градови.

Велејќи дека ракетите стационирани во областите во близина на окупираниот град Келбеџер, на азербејџанско-ерменската граница, беа погодени и уништени од страна на азербејџанската армија како легитимна воена цел со цел да се одбрани цивилниот народ, Бајрамов истакна дека на тој начин беа спасени животите на голем број цивили.

Тој рече дека за зголемувањето на затегнатоста на ситуацијата е одговорна управата во Ереван.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пак, истакна дека чувствуваат сериозна загриженост поради цивилните загуби и привлече внимание на значењето од придржување кон хуманитарниот прекин на огнот, постигнат во Москва.

Азербејџан и Ерменија на одржаните разговори во главниот град на Русија, Москва, донесоа одлука за прекин на огнот со хуманитарна цел којшто стапи во сила на 10 октомври, во сабота, во 12:00 часот по локално време и кој предвидуваше размена на мртвите и заробениците во Нагорно Карабах.

Меѓутоа, без да поминат ниту 24 часа од прогласениот привремен прекин на огнот ерменската армија повторно изврши ракетни напади врз азербејџанските градови, населени места и села.

Во ракетниот напад врз градот Генџе (Ганџа), вториот по големина град на Азербејџан, загинаа 10 цивили, а 35 мина беа ранети.

 



Слични вести