Во ерменските напади врз азербејџанските населени места загинаа 42'јца цивили, а 206 мина се ранети

Главното јавно обвинителство на Азербејџан соопшти дека во реализираните напади од страна на Ерменија од 27 септември до 13 октомври врз азербејџанските населени места загинаа 42'јца цивили, а 206 мина се ранети

1508296
Во ерменските напади врз азербејџанските населени места загинаа 42'јца цивили, а 206 мина се ранети

Во реализираните топовски и ракетни напади од страна на Ерменија врз азербејџанските населени места досега животот го загубија 42'јца цивили, а 206 мина се ранети.

Главното јавно обвинителство на Азербејџан ги соопшти човечките и материјалните загуби во реализираните напади од страна на Ерменија од 27 септември до 13 октомври.

Според соопштението, во ерменските напади во наведениот период загинаа 42'јца азербејџански цивили, а 206 мина се ранети. 

Во нападите се оштетени и доведени во неупотреблива состојба 1.479 куќи, 66 згради и 241 јавна зграда.

Инаку, ерменската армија на 27 септември започна напад врз азербејџанските позиции и азербејџанските цивилни населени места, по што и азербејџанската армија одговори со противнапади и започна операција за ослободување на своите територии кои се наоѓаат под ерменска окупација (подрачјето Карабах и уште 7 реони-области околу ова подрачје).

Ерменската армија која ги изгуби своите позиции потоа продолжи да реализира топовски и ракетни напади врз азербејџанските цивилни населени места.

Потоа по неколкудневни судири, Азербејџан и Ерменија на одржаните разговори во главниот град на Русија, Москва, донесоа одлука за прекин на огнот со хуманитарна цел којшто стапи во сила на 10 октомври, во сабота, во 12:00 часот по локално време и кој предвидуваше размена на мртвите и заробениците во Нагорно Карабах.

Меѓутоа, без да поминат ниту 24 часа од прогласениот привремен прекин на огнот ерменската армија повторно изврши ракетни напади врз азербејџанските градови, населени места и села.

Во ракетниот напад врз градот Генџе (Ганџа), вториот по големина град на Азербејџан, загинаа 10 цивили, а 35 мина беа ранети.



Слични вести