Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Во Соединетите Американски Држави (САД) бројот на смртните случа се искачи на над 220 илјади 011 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 8 милиони 038 илјади

1507806
Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот
covid19 guney afrika
super covid19 fransa
SPR Barcelona covid.jpg
super covid19 abd
super covid19 4.jpg
moskova covid.jpg
Covid-19.jpg
super covid19 portekiz
super covid19 abd new york
super covid19 fransa
super covid19 fransa
tunus koronavirüs.jpg
İspanya koronavirüs Süper.jpg
DÜNYADA KORONA (6).jpg
DÜNYADA KORONA (8).jpg
suudi arabistan koronavirus
DÜNYADA KORONA (4).jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 1 милион 085 илјади 375 лица, на случаите на зараза изнесува над 38 милиони 044 илјади лица, а досега оздравеа повеќе од 28 милиони 607 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кадешто бројот на смртните случа се искачи на над 220 илјади 011 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 8 милиони 038 илјади. 

Во латиноамериканската држава Бразил, која по бројот на смртните случаи веднаш по САД се наоѓа на второ место и која се смета за епицентар во Латинска Америка, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 150.709 лица, а на случаите на зараза изнесува 5 милиони 103 илјади 408 лица.

Во Мексико, во изминатите 24 часа од коронавирусот животот го загубија уште 164 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 83.945, додека со регистрирани 3.542 новозаразени бројот на случаите на зараза достигна до 821.045 лица. 

Во Велика Британија, со најголем број починати од коронавирусот и епицентар во Европа, со раст за уште 50 лица во изминатите 24 часа бројот на смртните случаи се искачи на вкупно 42.875, а на инфектираните со раст од 13.972 достигна до 617.688 лица. Британскиот премиер Борис Џонсон истакна дека растот во бројот на случаите достигна до опасна точка и соопшти дека се формирани 3 степени на локално предупредување и тоа предупредување од „среден, висок и многу висок степен“. Научниот советник на британската Влада Патрис Валан во дадената изјава на 20 септември привлече внимание дека случаите на Ковид-19 секоја недела растат двократно и предупреди дека доколку продолжи така кон средината на месец октомври можат да се регистрираат дневно дури и по 50 илјади случаи на зараза.

Во Италија, бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 36.205, а на случаите на зараза достигна до 359.569 лица. 

Во Шпанија, бројот на смртните случаи се искачи на 33.124 лица, а на инфектираните достигна до 918.223 лица. 

Во Франција, бројот на смртните случаи изнесува 32.779, а на случаите на зараза достигна до 743.479. 

Во Португалија, бројот на смртните случаи се зголеми на 2.094 лица, а на случаите на зараза на 87.913 лица.

Во Република Северна Македонија, во изминатите 24 часа се потврдени 5 починати, а се регистрирани 177 нови случаи на зараза од коронавирусот (Ковид-19). На тој начин вкупниот број на смртни случаи во Северна Македонија се зголеми на 797, а на инфектираните од овој вирус се искачи на 21.113 лица.

Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка

Во Индија, која со 7 милиони 175 илјади 880 инфектирани лица е во положба на втора земја во светот по бројот на случаите на зараза, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 109.894 лица.

Во Русија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 достигна до 22.722, а на случаите на зараза изнесува над 1 милион 312 илјади 310 лица.

Во Иран, кадешто досега починаа 28.816 лица, бројот на случаите на зараза се искачи на 504.281. 

Во Ирак, бројот на починатите се зголеми на 9.912 лица, а на случаите изнесува 405.437.

Во Пакистан, од Ковид-19 животот го загубија 6.588 лица, а бројот на случаите на зараза се зголеми на 319.848.

Во Израел, бројот на смртните случаи изнесува 2.021, а на инфектираните достигна до 295.037 лица.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 на континентот Африка се зголеми на вкупно 38.362 лица, а на случаите на зараза достигна до 1 милион 593 илјади 247.

Најголем број смртни случаи во Африка има во Јужноафриканската Република кадешто досега починаа вкупно 17.863, а потоа следуваат Египет со 6.062, Мароко 2.636, Алжир 1.809, Етиопија 1.301, Нигерија 1.115, Судан 836, Кенија 777, Камерун 423 починати.

 



Слични вести