Борел: Регионалните актери треба да придонесат за стопирање на судирите во Нагорно Карабах

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел, истакна дека земјите членки на на Унијата постигнаа согласност дека регионалните актери треба да придонесат за стопирање на судирите и постигнување мир во Нагорно Карабах

1507792
Борел: Регионалните актери треба да придонесат за стопирање на судирите во Нагорно Карабах

Земјите членки на Европската унија (ЕУ) постигнаа согласност по прашањето дека регионалните актери треба да го дадат својот придонес за стопирање на судирите и постигнување мир во кризата со Нагорно Карабах.

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел, по состанокот на Советот за надворешни односи на министрите за надворешни работи на земјите членки што се одржа во Луксембург, даде изјава за новинарите кадешто информира дека на состанокот беше разгледан и проблемот Нагорно Карабах.

Велејќи дека францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан, едниот од копретседателите на Групата Минск на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ), информира во врска со последната ситуација во Нагорно Карабах, Борел рече дека беше разговарано за тоа како би можело да се придонесе за стопирање на судирите, враќање на преговори и за продолжување на хуманитарниот прекин на огнот којшто беше прогласен на 10 октомври. 

Борел воедно информира дека земјите членки на Европската унија (ЕУ) постигнаа согласност дека регионалните актери треба да придонесат за стопирање на судирите и постигнување мир во кризата со Нагорно Карабах.

Нагласувајќи дека Русија и Франција како копретседатели на Групата Минск на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ), посакуваат да продолжат иницијативите по прашањето со Нагорно Карабах, високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел, напомена дека санкциите коишто ги воведе Европската унија (ЕУ) врз Русија поради труењето на рускиот опозиционер Алексеј Навалниј, не треба да влијаат на оваа состојба.



Слични вести