Азербејџанската армија ги спречи ерменските обиди за повторно окупирање на изгубените територии

Азербејџанското Министерство за одбрана соопшти дека ерменските сили за повторно окупирање на изгубените позиции во текот на целата ноќ реализираа напади во мали групи во правците на градовите Агдере, Агдам, Фузули и Хадрут

1507884
Азербејџанската армија ги спречи ерменските обиди за повторно окупирање на изгубените територии

Азербејџанската армија ги спречи нападите коишто и покрај прогласениот прекин на огнот ерменската армија ги изврши во текот на целата ноќ.

Во објавеното соопштение од азербејџанското Министерство за одбрана се истакнува дека ерменските сили за повторно окупирање на изгубените позиции во текот на целата ноќ реализираа напади во мали групи во правците на градовите Агдере, Агдам, Фузули и Хадрут.

 Во соопштението се вели дека азербејџанската армија ги спречи нападите и притоа се уништени 3 ракетни системи „Град“, 1 противавионски систем Tor-M2KM, 1 самооден противавионски систем ZSU-23-4 Шилка, 2 оклопни пешадиски возила BMP-2, 3 хаубици Giatsint-B, 1 противавионски топ KS-19, 1 хаубица D-20, 3 беспилотни летала и неколку возила транспортери на ерменската армија, а се неутралиизрани и голем број ерменски војници.

Во соопштението исто така стои дека се неутрализирани и војниците на предната линија на 5. полк на ерменската армија, една единица од моторизираниот пешадиски полк е затечена во заседа и се уништени возилата во движење.

Освен тоа е погоден и еден конвој составен од возила на 4. моторизиран пешадиски полк којшто се движел во правец на Аскеран, а од страна на азербејџанската армија се неутрализирани и група доброволци кои од областа Сисиан во Ерменија тргнале кон окупираните азербејџански територии.

Во соопштението се истакнува дека кај ерменските сили чиј отпор е скршен се забележуваат колективни дезертирања, додека азербејџанската армија која се придржува кон хуманитарниот прекин на огнот е во предност во должина на целиот фронт.

Во едно друго објавено соопштение на Министерството за одбрана на Азербејџан се информира дека ерменската армија отвори оган врз градовите Агдам, Тертер, Агџебеди и Горанбој. 

Инаку, Азербејџан и Ерменија на одржаните завчерашни разговори во главниот град на Русија, Москва, донесоа одлука за прекин на огнот со хуманитарна цел којшто стапи во сила на 10 октомври, во сабота, во 12:00 часот по локално време и кој предвидуваше размена на мртвите и заробениците во Нагорно Карабах.

Меѓутоа, без да поминат ниту 24 часа од прогласениот привремен прекин на огнот ерменската армија повторно изврши ракетни напади врз азербејџанските градови, населени места и села во кои има загинати и ранети цивили.



Слични вести