Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Во Соединетите Американски Држави (САД) бројот на смртните случа се искачи на над 219 илјади 695 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 7 милиони 992 илјади

1507067
Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 1 милион 081 илјада 653 лица, на случаите на зараза изнесува над 37 милиони 770 илјади лица, а досега оздравеа повеќе од 28 милиони 366 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кадешто бројот на смртните случа се искачи на над 219 илјади 695 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 7 милиони 992 илјади. 

Во латиноамериканската држава Бразил, која по бројот на смртните случаи веднаш по САД се наоѓа на второ место и која се смета за епицентар во Латинска Америка, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 150.506 лица, а на случаите на зараза изнесува 5 милиони 94 илјади 979 лица.

Во Мексико, во изминатите 24 часа од коронавирусот животот го загубија уште 139 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 83.781, додека со регистрирани 3.175 новозаразени бројот на случаите на зараза достигна до 817.503 лица. 

Во Велика Британија, со најголем број починати од коронавирусот и епицентар во Европа, со раст за уште 65 лица во изминатите 24 часа бројот на смртните случаи се искачи на вкупно 42.825, а на инфектираните со раст од 12.872 достигна до 603.716 лица. Советникот за здравство на британската Влада проф. д-р Питер Херби, во врска со состојбата со новиот тип коронавирус (Ковид-19) го рече следното: „Британија, поради порастот во бројот на новите случаи и на обраќањата во болница, се наоѓа во опасна точка. Мерката за национален карантин е меѓу опциите, меѓутоа секој треба да го направи онашто му претстои за да се избегнува оваа можност.“

Во Италија, бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 36.166, а на случаите на зараза достигна до 354.950 лица. 

Во Шпанија, бројот на смртните случаи се искачи на 32.929 лица, а на инфектираните достигна до 890.367 лица. 

Во Франција, бројот на смртните случаи изнесува 32.683, а на случаите на зараза достигна до 734.794. 

Во Португалија, бројот на смртните случаи се зголеми на 2.080 лица, а на случаите на зараза на 86.664 лица.

Во Република Северна Македонија, во изминатите 24 часа се потврдени 7 починати, а се регистрирани 383 нови случаи на зараза од коронавирусот (Ковид-19). На тој начин вкупниот број на смртни случаи во Северна Македонија се зголеми на 792, а на инфектираните од овој вирус се искачи на 20.937 лица.

Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка

Во Индија, која со 7 милиони 120 илјади 538 инфектирани лица е во положба на втора земја во светот по бројот на случаите на зараза, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 109.184 лица.

Во Русија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 достигна до 22.597, а на случаите на зараза изнесува над 1 милион 298 илјади 718 лица.

Во Иран, кадешто досега починаа 28.544 лица, бројот на случаите на зараза се искачи на 500.075. 

Во Ирак, бројот на починатите се зголеми на 9.852 лица, а на случаите изнесува 402.330.

Во Пакистан, од Ковид-19 животот го загубија 6.580 лица, а бројот на случаите на зараза се зголеми на 319.317.

Во Израел, бројот на смртните случаи изнесува 1.983, а на инфектираните достигна до 291.828 лица.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 на континентот Африка се зголеми на вкупно 38.168 лица, а на случаите на зараза достигна до 1 милион 587 илјади 274.

Најголем број смртни случаи во Африка има во Јужноафриканската Република кадешто досега починаа вкупно 17.780, а потоа следуваат Египет со 6.052, Мароко 2.605, Алжир 1.801, Етиопија 1.287, Нигерија 1.115, Судан 836, Кенија 766, Камерун 423 починати.



Слични вести