Џејхун Бајрамов ги информира претседателите на Групата Минск за прекршувањата на прекинот на огнот од страна на Ерменија

Азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов ги информира копретседателите на Групата Минск дека Ерменија по прогласениот прекин на огнот изврши јасни прекршувања и ги нападна цивилните населени места

1507616
Џејхун Бајрамов ги информира претседателите на Групата Минск за прекршувањата на прекинот на огнот од страна на Ерменија

Азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов разговараше со копретседателите на Групата Минск на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) од чија страна се води процесот за решавање на проблемот Нагорно Карабах, а во врска со прекршувањата на прекинот на огнот од страна на Ерменија.

Во објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи на Азербејџан се истакнува дека министерот Бајрамов оствари телефонски разговори со копретседателите на Групата Минск на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ), Русинот Игор Попов, Французинот Стефан Висконти и Американецот Ендрју Шофер.

Според соопштението, Џејхун Бајрамов на разговорите објасни дека Ерменија по прогласениот прекин на огнот изврши јасни прекршувања и ги нападна цивилните населени места.

Информирајќи ги копретседателите за нападите коишто ги реализира ерменската армија за повторно окупирање на ослободените области и за извршениот ракетен напад врз Генџе (Ганџа), Бајрамов истакна дека целата одговорност за состојбата во областа и припаѓа на управата во Ереван.

Копретседателите на Групата Минск пак, кои ги изнесоа своите грижи во врска со ситуацијата го инесоа својот став во правец на тоа дека треба да се поитува прекинот на огнот и дека за решавање на проблемот постои потреба од политички дијалог.

Инаку, Азербејџан и Ерменија на одржаните завчерашни разговори во главниот град на Русија, Москва, донесоа одлука за прекин на огнот со хуманитарна цел којшто стапи во сила на 10 октомври, во сабота, во 12:00 часот по локално време и кој предвидуваше размена на мртвите и заробениците во Нагорно Карабах.

Меѓутоа, без да поминат ниту 24 часа од прогласениот привремен прекин на огнот ерменската армија повторно изврши ракетни напади врз азербејџанските цивилни населени места.

Во ракетниот напад врз градот Генџе (Ганџа), вториот по големина град на Азербејџан животот го загубија 11 азербејџански цивили од кои 4 жени и 2 деца, а 35 мина цивили се ранети од кои 16 жени и 6 деца.

 

 



Слични вести