Азербејџанската армија продолжи да и нанесува загуби на ерменската армија во текот на целата ноќ

Азербејџанската армија во текот на целата ноќ ги спречи нападите на ерменските сили кои во мали групи се обидоа повторно да ги заземат и окупираат изгубените позиции во правец на Агдере, Агдам, Фузули и Џебраи

1507200
Азербејџанската армија продолжи да и нанесува загуби на ерменската армија во текот на целата ноќ

Азербејџанската армија во текот на целата ноќ ги спречи нападите коишто и покрај прогласениот прекин на огнот продолжуваат да се реализираат од страна на ерменската армија.

Во објавеното соопштение од Министерството за одбрана на Азербејџан се истакнува дека ерменските сили за повторно заземање и окупирање на изгубените позиции во мали групи во текот на целата ноќ реализираа напади во правец на Агдере, Агдам, Фузули и Џебраил.

Во соопштението се вели дека меѓутоа азербејџанската армија ги одби сите овие напади и притоа се уништени 1 тенк Т-72 и 3 ракетни системи „Град“ на ерменската армија, а се неутрализирани и голем број ерменски војници.

Во соопштението на азербејџанското министерство за одбрана воедно се истакнува дека топовските единици на 9-от полк на ерменската армија се повлекоа од правецот на Хадрут и дека војниците на 5-от баталјон ги оставија своите оклопни возила и избегаа. На ист начин, и војниците на 5-от и 52-от полк ги оставија своите возила и оружјето и избегаа од бојното поле.

Со реализираните топовски истрели од страна на азербејџанската армија е уништено едно подземно засолниште на местото на позицијата на првиот полк на ерменската армија.

Во сооштението се додава дека азербејџанската армија е во предност во должина на целата фронтова линија.

Во едно друго објавено соопштение од Министерството за одбрана на Азербејџан исто така се подвлекува дека ерменската армија синоќа отвори оган врз азербејџанските градови Агдам, Тертер и Горанбој. 

Во меѓувреме, азербејџанската армија сруши уште 3 беспилотни летала на Ерменија.

Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека синоќе се срушени 2 беспилотни летала на ерменската армија во правец на градот Товуз во близина на ерменско-азербејџанската граница.

Во соопштението се истакнува дека околу 10:00 часот по локално време во правец на градот Агдам од фронтовата линија од страна на азербејџанските противвоздушно одбранбени системи е уништено едно беспилотно летало на Ерменија.

Инаку, Азербејџан и Ерменија на одржаните завчерашни разговори во главниот град на Русија, Москва, донесоа одлука за прекин на огнот со хуманитарна цел којшто стапи во сила на 10 октомври, во сабота, во 12:00 часот по локално време и кој предвидуваше размена на мртвите и заробениците во Нагорно Карабах.

Меѓутоа, без да поминат ниту 24 часа од прогласениот привремен прекин на огнот ерменската армија повторно изврши ракетни напади врз азербејџанските цивилни населени места.

Во ракетниот напад врз градот Генџе (Ганџа), вториот по големина град на Азербејџан животот го загубија 11 азербејџански цивили од кои 4 жени и 2 деца, а 35 мина цивили се ранети од кои 16 жени и 6 деца.

 



Слични вести