Турскиот совет ги осуди нападите на Ерменија врз цивилите и населените места во Азербејџан

Во соопштението на Турскиот совет се вели следното: „Турскиот совет жестоко го осудува бомбардирањето без да се прави разлика од страна на Ерменија врз азербејџанските градови и цивили, што претставува јасно кршење на меѓународното право“

1506857
Турскиот совет ги осуди нападите на Ерменија врз цивилите и населените места во Азербејџан

Советот за соработка на туркофонските земји (Турскиот совет или Турскиот Кенеш) ги осуди нападите на Ерменија врз цивилите и населените места во Азербејџан.

Во објавеното соопштение на профилот на Турскиот совет на социјалната мрежа Твитер се истакнува следното: „Турскиот совет жестоко го осудува бомбардирањето без да се прави разлика од страна на Ерменија врз азербејџанските градови и цивили, што претставува јасно кршење на меѓународното право. Овие напади треба веднаш да бидат сопрени и окупаторските сили треба да ги напуштат азербејџанските територии.“

Турскиот совет (Турскиот Кенеш) чиј генерален секретаријат се наоѓа во Истанбул уште еднаш ја потврди и поддршката на територијалниот интегритет на Азербејџан на основа на неговите меѓународно признати граници.

Инаку, Турскиот совет се состои од 5 земји членки, Азербејџан, Казахстан, Киргистан, Узбекистан и Турција, а воедно и Унгарија учествува со статус на земја посредувач.



Слични вести