Шарл Мишел ги повика Азербејџан и Ерменија да се придржуваат кон прекинот на огнот во Нагорно Карабах

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел упати повик до Азербејџан и Ерменија да се придржуваат кон прекинот на огнот во Нагорно Карабах

1506916
Шарл Мишел ги повика Азербејџан и Ерменија да се придржуваат кон прекинот на огнот во Нагорно Карабах

Европската унија (ЕУ) упати повик до Ерменија и Азербејџан за почитување на прекинот на огнот во Нагорно Карабах. 

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер нагласи дека постигнатиот хуманитарен прекин на огнот помеѓу Азербејџан и Ерменија претставува значаен чекор во правец на намалување на затегнатоста.

Велејќи "Ги повикувам страните да се придржуваат кон прекинот на огнот", Мишел истакна дека треба да се избегнува од употреба на насилство и од доведување во опасност на цивилите.

Шарл Мишел рече дека без да се губи време треба да започнат преговорите помеѓу страните без поставување предуслови. 

Инаку, Азербејџан и Ерменија на одржаните завчерашни разговори во главниот град на Русија, Москва, донесоа одлука за прекин на огнот со хуманитарна цел којшто стапи во сила на 10 октомври, во сабота во 12:00 часот по локално време и кој предвидува размена на мртвите и заробениците во Нагорно Карабах.

Меѓутоа, без да поминат ниту 24 часа од прогласениот привремен прекин на огнот ерменската армија изврши ракетен напад врз градот Генџе (Ганџа), вториот по големина град на Азербејџан, во кој според најнови добиени информации животот го загубија 11 цивили, а 35 мина се ранети.



Слични вести