Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев: Ќе и се даде заслужениот одговор на Ерменија која ги таргетира цивилите

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во врска со ракетните напади коишто се реализираат од страна на Ерменија истакна дека ќе и се даде заслужениот одговор на оваа земја која ги таргетира цивилите

1506884
Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев: Ќе и се даде заслужениот одговор на Ерменија која ги таргетира цивилите

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер во врска со ракетните напади коишто се реализираат од страна на Ерменија истакна дека ќе и се даде заслужениот одговор на оваа земја која ги таргетира цивилите.

Велејќи дека Ерменија која го прекрши прекинот на огнот ги таргетираше со ракети цивилите во Генџе (Ганџа), Алиев истакна дека тоа претставува воено злосторство и значи кршење на Женевската конвенција.

Алиев, нападите ги окарактеризира како непочитување на прекинот на огнот којшто е постигнат под посредништво на Русија, а воедно напомена дека одговорни за тоа се политичката и воената администрација на Ерменија.

Азербејџанскиот потпретседател Хикмет Хаџиев исто така упати повик до меѓународната заедница да го осуди ракетниот напад на Ерменија врз Генџе (Ганџа), вториот по големина град на Азербејџан.

Хаџиев истакна дека ќе бидат соберени и доставени до меѓународните организации сите информации и докази во врска со извршениот напад и покрај прекинот на огнот од страна на Ерменија, врз градот Генџе.

Хикмет Хаџиев нагласи дека ерменската армија која не може да го поднесе поразот на бојното поле ги таргетира цивилите и дека тоа претставува воено злосторство и геноцид.

„Овој напад на Ерменија, претставува политичка и воена провокација. Наштетувајќи му на цивилното население имаат за цел да го заплашат и да го сведат во паника азербејџанскиот народ, меѓутоа нем ада успеат во тоа. Имаат за цел да инволвираат во судирите трети страни. Сакаат Азербејџан да отоври оган на ерменските територии, потоа тоа да го искористат против Азербејџан. Меѓутоа, Азербејџан во операцијата којашто ја започна само за ослободување на своите области под окупација, ги неутрализираат законските воени цели.“ - истакна азербејџанскиот потпретседател Хикмет Хаџиев.

Инаку, Азербејџан и Ерменија на одржаните завчерашни разговори во главниот град на Русија, Москва, донесоа одлука за прекин на огнот со хуманитарна цел којшто стапи во сила на 10 октомври, во сабота во 12:00 часот по локално време и кој предвидува размена на мртвите и заробениците во Нагорно Карабах.

Меѓутоа, без да поминат ниту 24 часа од прогласениот привремен прекин на огнот ерменската армија изврши ракетен напад врз градот Генџе (Ганџа), вториот по големина град на Азербејџан, во кој според најнови добиени информации животот го загубија 11 цивили, а 35 мина се ранети.

 



Слични вести