Азербејџанскиот потпретседател Хикмет Хаџиев: Ерменија со таргетирање на цивилите извршува воено злосторство

Азербејџанскиот потпретседател Хикмет Хаџиев истакна дека Ерменија ја продолжува својата терористичка политика на државно ниво и појасни дека тоа што управата на Ереван останува неказнета ја поттикнува да извршува уште поголеми воени злосторства

1506816
Азербејџанскиот потпретседател Хикмет Хаџиев: Ерменија со таргетирање на цивилите извршува воено злосторство
Ermenistan'ın Gence'ye Saldırısı 1.jpg
Ermenistan'ın Gence'ye Saldırısı 2.jpg
Ermenistan'ın Gence'ye Saldırısı 3.jpg
Ermenistan'ın Gence'ye Saldırısı 4.jpg
Ermenistan'ın Gence'ye Saldırısı 5.jpg
Ermenistan'ın Gence'ye Saldırısı 6.jpg
Ermenistan'ın Gence'ye Saldırısı 7.jpg

Азербејџанскиот потпретседател Хикмет Хаџиев во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека Ерменија непочитувајќи го прогласениот привремен прекин на огнот (сметајќи го за ништовен), синоќа повторно изврши ракетен напад врз градот Генџе (Ганџа) и врз други цивилни населени места во Азербејџан, со што извршува воено злостроство.

Хаџиев рече дека Ерменија ја продолжува својата терористичка политика на државно ниво и појасни дека тоа што управата на Ереван останува неказнета ја поттикнува да извршува уште поголеми воени злосторства.

Велејќи „Ерменија треба да се сопре“, Хаџиев нападите на ерменија врз цивилното население ги окарактеризира како „вандализам“ и истакна дека овие  напади претставуваат акт на нов геноцид врз азербејџанскиот народ.

„Таргетирањето со разорни ракети врз цивилите кои се наоѓаат далеку од подрачјето кадешто се реализираат воените операции, претставува воено злосторство. Тоа претставува манифестација на неморалното постапување на ерменската управа.“ - напиша Хаџиев.

Азербејџанскиот потпретседател Хикмет Хаџиев во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер сподели и фотографии од извршениот напад од страна на ерменската армија врз градот Генџе (Ганџа), вториот по големина град на земјата.

Во меѓувреме, во објавеното соопштение од азербејџанското Министерство за одбрана се истакнува дека ерменската армија синоќа изврши напад со топовски и ракетни истрели врз градовите Генџе (Ганџа) и Мингечевир, како и селата и населените места на градовите Горанбој, Тертер, Агдам, Агџабеди, Фузули и Џебраил.

Во овие напади загинаа и се ранети голем број цивили, а исто така е оштетена и цивилната ифраструктура.

Во соопштението се вели дека одговорноста за зголемување на затегнатоста во регионот целосно и припаѓа на управата на Ерменија.

Од друга страна, во објавеното писмено соопштение од Главното јавно обвинителство на Азербејџан се истакнува дека истреланите ракети синоќа од страна на Ерменија погодија цивилни згради во градот Генџе (Ганџа), вториот по големина азеребјџански град.

Во соопштението се вели дека во овој напад на ерменските сили загинаа 9 азербејџански цивили, а 34 мина се ранети.

Во соопштението и се одделува место на информацијата дека продолжуваат активностите за пребарување и спасување под рушевините на срушените куќи во нападот, а воедно се подвлекува дека меѓу загинатите има 4 жени, а од ранетите 16 се жени и 6 деца.

Главното јавно обвинителство на Азербејџан ги соопшти и човечките и материјални загуби поради реализираните напади од страна на Ерменија во периодот од 27 септември до 11 октомври.

Според соопштението во ерменските напади во наведениот период животот го загубија 41 азербејџански цивил, а 205 мина цивили се ранети.  

Во овие напади се оштетени и доведени во неупотреблива состојба 1.165 куќи, 57 повеќеспратни згради и 146 јавни згради.

 



Слични вести