Азербејџанскиот потпретседател Хаџиев: Ерменија не се придржува кон привремениот прекин на огнот

Азербејџанскиот потпретседател Хикмет Хаџиев истакна дека Ерменија не се придржува кон привремениот прекин на огнот

1506515
Азербејџанскиот потпретседател Хаџиев: Ерменија не се придржува кон привремениот прекин на огнот

Азербејџан соопшти дека Ерменија не се придржува кон привремениот прекин на огнот.

Азербејџснскиот потпретседател Хикмет Хаџиев истакна дека Ерменија не се придржа кон привремениот прекин на огнот и дека тоа јасно покажа дека тие водат дволична политика. 

Хаџиев рече: „На масата веќе нема да се наоѓа она коешто го диктира Ерменија. Борбата, не само воено се води и со дипломатија. Нашата конечна цел е да го воспоставиме територијалниот интегритет на Азербејџан.“

Во објавеното соопштение од страна на азербејџанското Министерство за одбрана по прогласувањето на привремениот прекин на гонот пак, се истакнува дека ерменската армија се обидела да реализира напад  на фронтовата линија во правец на градовите Агдере-Тертер и Фузули-Џебраил.

Во соопштението се вели дека од страна на ерменската армија биле гранатирани со топови и некои цивилни населени места.

Обидот за напад бил успешно спречен од страна на азербејџанската армија и било одговорено со отворање оган врз позициите на ерменската армија.

Во меѓувреме, според добиени информации од објавеното соопштение од страна на азербејџанското Министерство за одбрана, од 27 септември до 10 октомври (денеска) кога стапи во сила привремениот прекин на огнот од страна на азербејџанската армија се уништени повеќе од 280 ерменски тенка и оклопни возила, приближно 300 топови и ракетни системи, повеќе од 60 системи за противвоздушна одбрана, 16 командни центри и позиции за набљудување, 8 складишта за муниција, повеќе од 150 воени камиони и возила, 1 ракетен систем С-300.

Азербејџанската армија заплени и 18 ерменски тенка во исправна состојба.

Главното јавно обвинителство на Азербејџан пак, ги соопшти човечките и материјалните загуби дека од денот на започнување на судирите до 10 октомври (денеска) кога стапи во сила привремениот прекин на огнот.

Според тоа, во периодот од 27 септември до 10 октомври во реализираните ерменски напади животот го загубија 31 цивил, а 171 цивил се ранети.

Исто така, во ерменските напади се оштетени и доведени во неупотреблива состојба и 1.137 куќи, 45 повеќеспратни згради и 146 јавни згради.

 



Слични вести