Азербејџан и Ерменија постигнаа договор за прекин на огнот во Нагорно Карабах за размена на заробеници и мртви

По состанокот во Москва којшто траеше повеќе од 10 часа рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров истакна дека Азербејџан и Ерменија постигнаа договор по прашањето на прекин на огнот во Нагорно Карабах за размена на мртвите и заробениците

1506339
Азербејџан и Ерменија постигнаа договор за прекин на огнот во Нагорно Карабах за размена на заробеници и мртви

На покана на рускиот претседател Владимир Путин, вчера во Москва под посредништво на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се состанаа на консултативен состанок министрите за надворешни работи на Азербејџан и Ерменија, Џејхун Бајрамов и Зохраб Мнатсаканјан.

По состанокот во руското Министерство за надворешни работи којшто траеше повеќе од 10 часа заедничкото соопштение беше прочитано од страна на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Азербејџан и Ерменија постигнаа договор по прашањето на прекин на огнот во Нагорно Карабах со хуманитарна цел за размена на мртвите (загинатите) и заробениците.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече: „Почнувајќи од 10 октомври 2020 година во 12:00 часот по локално време со цел хуманитарна помош е прогласен прекин на огнот за размена на заробениците, затворениците и мртвите под посредништво и во правец на критериумите на Меѓународниот комитет на Црвениот крст.

Велејќи дека освен тоа ќе се работи на параметрите на режимот на прекин на огнот, Лавров информира дека под посредништво на копретседателите на Групата Минск на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) ќе се започне со суштински преговори со цел постигнување на рано мирољубиво решение на основа на принципите за решавање на прашањето.

Освен тоа, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров соопшти дека страните потврдија дека не е променет форматот на преговарачкиот процес.

Од друга страна, ерменската армија реализира интензивни ракетни напади врз населените места кај градчето Хадрут коишто се ослободени од окупација од страна на азербејџанската армија. 

Во објавеното соопштение од Министерството за одбрана на Азербејџан се истакнува дека ерменската армија реализира интензивни ракетни напади врз населените места кај градчето Хадрут.

Во соопштението се вели дека нападите се реализираат од Хоџали кој се наоѓа под ерменска окупација, а воедно се додава дека азербејџанската армија ги фрла потребните чекори против ерменската армија.

Пристигнуваат информации и во однос на тоа дека ерменската армија отвора оган и врз градовите Агдам и Третер.



Слични вести