Владата на Либија соопшти дека останува приврзана кон одлуките на Берлинската конференција

Во објавеното писмено соопштение по одржаниот состанок на Претседателскиот совет на либиската влада во главниот град Триполи, се нагласува дека се останува посветен на донесените одлуки на Берлинската конференција

1505639
Владата на Либија соопшти дека останува приврзана кон одлуките на Берлинската конференција

Претседателскиот совет на Владата на Либија соопшти дека е приврзан кон донесените одлуки на Берлинската конференција.

Во објавеното писмено соопштение по одржаниот состанок на Претседателскиот совет на либиската влада во главниот град Триполи, се истакнува дека на состанокот беше разгледана политичката, безбедносната и воената ситуација во која се наоѓа Либија и беше направена проценка на регионалните и меѓународните политики кон Либија.

Во соопштението се нагласува дека се останува посветен на донесените одлуки на Берлинската конференција. 

На 19 јануари со учество на инволвираните страни во Либија и меѓународната заедница во главниот град на Германија, Берлин, беше одржана конференција посветена на Либија на која беше упатен повик за прекин на огнот и дијалог.



Слични вести