Путин ги покани денеска во Москва министрите за надворешни работи на Азербејџан и Ерменија

Во објавеното писмено соопштение од Кремљ се вели следното: Министрите за надворешни работи на Азербејџан и Ерменија се покануваат денеска (9 октомври) во Москва за консултации по овие прашања, под посредништво на рускиот министер за надворешни работи

1505868
Путин ги покани денеска во Москва министрите за надворешни работи на Азербејџан и Ерменија

Рускиот претседател Владимир Путин, во врска со судирите во подрачјето Нагорно Карабах кое се наоѓа под ерменска окупација ги покани денеска во Москва министрите за надворешни работи на Азербејџан и Ерменија. 

Во објавеното писмено соопштение од претседателскиот дворец на Русија Кремљ се потсетува дека претседателот Путин оствари низа телефонски разговори со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никол Пашинјан и дека притоа упати повик за стопирање на судирите во Нагорно Карабах поради хуманитарни причини за размена на загинатите и заробениците.

Во објавеното соопштение од Кремљ се вели следното: „Министрите за надворешни работи на Азербејџан и Ерменија се покануваат денеска (9 октомври) во Москва за консултации по овие прашања, под посредништво на рускиот министер за надворешни работи.“

Во меѓувреме, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова соопшти дека министрите за надворешни работи на Азербејџан и Ерменија ќе учествуваа на консултациите коишто ќе се одржат во Москва.

Захарова во дадената изјава за новинарите истакна дека трилатералните консултации денеска ќе се одржат на ниво на министри за надворешни работи и го рече следното: „Баку и Ереван потврдија дека ќе учествуваат на консултациите во Москва. Активно проодлжуваат подготовките.“



Слични вести