Продолжува операцијата на азербејџанската армија за ослободување на окупираните територии

Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека од вчера до утрово и во текот на целата ноќ продолжија да се водат жестоки судири

1505996
Продолжува операцијата на азербејџанската армија за ослободување на окупираните територии

Продолжува операцијата на азербејџанската армија којашто ја започна за ослободување на окупираните територии.

Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека од вчера до утрово и во текот на целата ноќ продолжија да се водат жестоки судири.

Во соопштението се вели дека азербејџанската армија со отворениот оган врз целите на ерменската армија во значајни правци целосно го ограничи нејзиното делување, дека е изгубена контролата и интеракцијата меѓу ерменските сили, се доживува хаос меѓу ерменските единици и дека ерменските војници колективно дезертираат од своите единици.

Во соопштението исто така се нагласува дека во текот на вчерашните операции е погоден 5. Полк на Ерменските вооружени сили и дека при нападот загинаа голем број ерменски војници, како и командантот на топовските единици, а штабниот началник на 10. Дивизија е тешко ранет.

Во соопштението воедно стои дека од вчера, па сѐ до утрово,  се уништени голем број оружја и големи количини муниција и возила транспортери на ерменската армија, а е запленет и еден тенк во исправна состојба. Притоа се уништени околу 13 тенка од типот „T-72“, 2 оклопни возила, 4 ракетни системи „Град“, 2 хаубици од типот „Акатсија“, 3 хаубици „Д-30“, 2 радарски системи и голем број транспортни возила, а се запленети и 6 тенка „T-72“ на ерменските сили.

Во меѓувреме, во градот Џебраил и во околните села кои се ослободени од окупација се виорат азербејџански знамиња.

На споделените снимки од страна на азербејџанското Министерство за одбрана се гледа како ерменската армија во селата во околината на градот Џебраил ги остава своите возила и бега.

Во населените места кои во периодот на окупација којшто траеше долги години беа претворени во рушевини веќе се виорат азербејџански знамиња поставени од страна на ослободителните азербејџански војници.

Од друга страна пак, азербејџанската армија во операцијата што ја започна за ослободување на своите окупирани територии уништи уште голем број тенкови и оклопни возила на ерменската армија.

Азербејџанското Министерство за одбрана ги сподели снимките снимени од воздух од моментите на погодување и уништување на ерменските тенкови и оклопни возила. 

На снимките се гледа како со стопроцентно прецизен погодок се уништуваат подредени тенкови и оклопни возила кои во редица се спремаат за напад.

 

 



Слични вести