Претседателот на Киргистан Соронбај Женбеков прогласи вонредна состојба во главниот град Бишкек

Кигристанскиот претседател Соронбај Женбеков за да го спречи собирањето на приврзаниците на опозицијата прогласи вонредна состојба во главниот град Бишкек од 20:00 до 08:00 часот по локално време

1506119
Претседателот на Киргистан Соронбај Женбеков прогласи вонредна состојба во главниот град Бишкек

Претседателот на Киргистан Соронбај Женбеков, поради протестите кои по парламентарните избори се преобразија во насилство, прогласи вонредна состојба во главниот град Бишкек.

Поранешниот претседател Алмазбек Атамбаев кој е изваден од затвор ја побара оставката на претседателот Женбеков.

Атамбаев кој за време на протестите против изборите во вторникот беше изваден од затвор од страна на неговите приврзаници, во седиштето на својата Социјалдемократска партија чиј е основач, им се обрати на своите приврзаници. 

Алмазбек Атамбаев му се извини на киргискиот народ поради грешките коишто ги направил за време на неговата власт и остро го критикуваше актуелниот претседател Женбеков.

Поранешниот претседател истакна дека ќе ја побараат оставката на Женбеков и да се одбранат единството и заедништвото на народот.

Алмазбек Атамбаев заедно со своите приврзаници започна марш за собирање на плоштадот Ала-Тоо во главниот град Бишкек.

Претседателот Соронбај Женбеков пак, за да го спречи собирањето на протестирачите прогласи вонредна состојба во главниот град Бишкек од 20:00 до 08:00 часот по локално време.

Инаку, приврзаниците на опозициските партии кои не ги признаваат резултатите од одржаните парламентарни избори на 4 октомври (во неделата) во Киргистан, ги окупираа претседателската палата и зградата на Парламентот и притоа го извадија од затвор (ослободија) поранешниот претседател Алмазбек Атамбаев.



Слични вести